8 значајни делови од телото за кои веројатно не сте знаеле ништо

Човечкото тело е цел универзум со свои закони и мистерии, многу од кои сè уште чекаат да бидат откриени. Погледнете некои од виталните делови на нашето тело на кои многу често не им обрнуваме внимание.

1. Анатомска „табакера“

Ако малку го истегнете палецот, ќе забележите мала триаголна вдлабнатина веднаш под него. Овој дел е наречен анатомска „табакера“ – во минатото луѓето го користеле овој дел за шмукање тутун. На ова место исто така можете да ја почувствувате радијалната артерија, дури и кога пулсот е многу слаб. Артеријата во овој дел е заштитена само со кожа и сврзно ткиво.

2. Палецот на ногата

(2)8-vitalni-delovi-od-teloto-za-koi-verojatno-ne-ste-znaele-nishto-kafepauza.mk

Секој од нас знае каде се наоѓа, но малкумина имаат размислувано за тоа дека овој дел од телото има голема функција. Поради формата на палецот, ние можеме да држиме рамнотежа додека стоиме, а ова е најголемата разлика помеѓу човекот и другите цицачи.

3. Просторот меѓу веѓите (галабела)

(3)8-vitalni-delovi-od-teloto-za-koi-verojatno-ne-ste-znaele-nishto-kafepauza.mk

Овде станува збор за малиот дел кој се наоѓа точно помеѓу вашите веѓи. Овој дел од телото е важен бидејќи ви помага лесно да ги проверите вашите рефлекси во секое време. Со прстот нежно тапкајте на овој дел. Ако рефлексите ви се во ред, ќе почувствувате блага тензија во очите и ќе посакате да трепнете.

4. Френум на јазикот

(4)8-vitalni-delovi-od-teloto-za-koi-verojatno-ne-ste-znaele-nishto-kafepauza.mk

Овој мал свијок под вашиот јазик има важна функција: го фиксира јазикот во устата и ја намалува неговата флексибилност. Ова го спречува спонтаното голтање на јазикот. Овој дел особено е важен кај малите деца кои сè уште не можат да го контролираат нивното тело.

5. Трагис и антитрагис

(5)8-vitalni-delovi-od-teloto-za-koi-verojatno-ne-ste-znaele-nishto-kafepauza.mk

Чуден факт: Имињата на овие испакнатини на увото потекнуваат од латинскиот збор „tragos“ кој значи коза.

Трагисот ни помага да ги слушаме звуците кои доаѓаат од зад нас, зголемувајќи ја нивната јачина и одредувајќи го нивниот извор. Антитрагисот го прави истото, но за звуците кои доаѓаат од напред.

6. Крајници

(6)8-vitalni-delovi-od-teloto-za-koi-verojatno-ne-ste-znaele-nishto-kafepauza.mk

Многу луѓе имале операција за отстранување на крајниците. Поради ова, постои мислење дека крајниците се непотребен орган. Но, ова не е вистина. Крајниците се првото нешто што нè штити од бактерии и вируси. Кога тие ќе се воспалат и ќе се отстранат, телото сепак има и други одбранбени механизми, но во секој случај, побезбедно е со крајници.

7. Кутикули на ноктите

(7)8-vitalni-delovi-od-teloto-za-koi-verojatno-ne-ste-znaele-nishto-kafepauza.mk

Секој кој бил на козметичар за маникир, го има слушнато зборот кутикули. Ова е малиот дел кожа кој се наоѓа на границата помеѓу нокотот и прстот. Луѓето многу често ги отстрануваат кутикулите за да го подобрат изгледот на дланките, но ризикуваат многу. Функцијата на кутикулите е важна, тие ги заштитуваат дланките од штетните бактерии и се навистина потребни ако живеете во голем град. Ако некоја бактерија навлезе во раната направена од отстранувањето на кутикулите, миењето раце нема да биде од помош.

8. Филтрум

(8)8-vitalni-delovi-od-teloto-za-koi-verojatno-ne-ste-znaele-nishto-kafepauza.mk

Многу научници се согласуваат дека филтрумот се развил кај луѓето уште во праисторијата и неговата улога била засилување на мирисите. Денес немаме потреба од толку силно сетило за мирис, но филтрумот си останал за да нè потсетува на нашите корени. Покрај тоа, лекарите може да ја одредат здравствената состојба на бебе кое е сè уште во матката благодарение на формата на неговиот филтрум. Ако овој дел од телото има неправилна форма, тоа може да биде знак за аутизам или други заболувања.

Прочитајте ги и овие шокантни факти за човечкото тело.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар