Шокантни факти за човечкото тело

Човечкото тело има неверојатно комплексен состав и наспроти долгата медицинска историја, и понатаму ги изненадува научниците ширум светот. Со оглед на тоа, не изненадува фактот дека во нашето тело постои огромна низа занимливости, кои не се баш познати во секојдневието.

Шокантни факти за човечкото тело

  • Мозокот е поактивен навечер отколку преку ден, а научниците сè уште не ја знаат причината за тоа.
  • Колку имате повисок коефициент на интелигенција, толку почесто сонувате.
  • Косата расте побрзо од кои било други влакна на телото.
  • Нокотот на средниот прст расте побрзо од останатите нокти.
  • Ноктите на рацете растат и до четири пати побрзо во однос на ноктите на нозете.
  • Векот на постоење на едно влакно, е просечно од 3 до 7 години.
  • Киселината којашто се наоѓа во желудникот е доволно силна за да разгради мали парчиња метал како што се жилетот или спојувалкатa, но не може да го уништи и самиот желудник, бидејќи тој непрестајно се обновува.
  • Срцето на жените чука побрзо од срцето на мажите.
  • Жените се раѓаат со подобро сетило за мирис од мажите и тоа останува така до крајот на животот.
  • Мажите почесто икаат од жените.
  • Мажите во просек имаат 6-8 литри крв во нивното тело, а жените околу 5 литри.
  • Најголема клетка во човечкото тело е јајце-клетката, а најмала е сперматозоидот.
  • Во текот на животот, човекот произведува доволно плунка за да наполни два базена.
  • Сите бебиња се раѓаат со сини очи. Меланинот во нивните очи во тој момент не е потполно наталожен. Бојата на очите се менува во првата година од животот.
  • Мажите во текот на сонот имаат ерекција на секој час или час и половина. Протокот на крв и производството на тестостерон предизвикуваат ерекција во текот на сонот и тоа е неопходен дел од фазата РЕМ.
  • Откако ќе се прејадеме, послабо слушаме.
  • Да не можеше плунката да се раствора и меша со храната, немаше да можеме да го почувствуваме вкусот на храната.
  • Бучавата предизвикува ширење на зениците. Дури и најмала бучава може да го предизвика тоа.
  • Секој човек има уникатен мирис, отпечаток на прст и отпечаток на јазик. Единствено, идентичните близнаци имаат ист мирис.
  • До 60-тата година од животот повеќето луѓе губат околу половина од рецепторите за вкус во непцата.
  • Наутро сме околу 1 см повисоки отколку навечер.
  • Најсилен мускул на човечкото тело е јазикот.
  • Најсилна коска на човечкото тело е вилицата.
  • Луѓето ја менуваат кожата на секои 27 дена.
  • Секоја минута во човечкото тело умираат околу 300 милиони клетки, а секојдневно се создаваат и исто толку нови.
  • Спиењето во ладна просторија ги намалува шансите за сонување кошмар.
  • Луѓето се единствен вид кој испушта солзи поради емоции.
  • Сите бебиња кога се раѓаат се далтонисти, па едно време светот околу нив го гледаат во црно-бела варијанта.
  • Потребни се 6 месеци за еден нокот да порасне од коренот до врвот на прстот.
  • Единствениот дел од човечкото тело на кое не му е потребна крв е рожницата во окото. Го добива својот кислород директно од воздухот.
  • За само 30 минути, телото на еден просечен човек произведува доволно топлина со која може да се зовријат 1,9 литри вода.
  • На вашите бели дробови им е потребен голем простор за дишење. Целата површина на белите дробови е приближно голема колку едно тениско игралиште.
  • Клетките во човечкиот мозок можат да зачуваат од 3 до 1000 терабајти информации. Националната архива на Британија, во која се чува историјата од 900 години, зафаќа само 70 терабајти.
За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар