100-годишна жена тврди дека тајната за долговечноста се крие во џинот

Мејбел Џексон е 100-годишна бабичка која живее долг и среќен живот во Суфолк, Англија, каде што била родена. Неодамна, таа влегла во листата на најстарите луѓе во светот и англиските медиуми, природно, покажале голем интерес за неа. На прашањето на што се должи нејзината долговечност, таа, покрај обидот секој ден да го живее без стрес и нервози, дала и уште еден интересен одговор.

100-годишна жена тврди дека тајната за долговечноста се крие во џинот

Мејбел смета дека тајната за нејзините 100 години се крие во чашата џин и тоник која ја пие секое утро. Таа дури пие и 6 чаши дневно, што можеме да претпоставиме дека е навистина скапа навика. Но, како што вели Мејбел, има ли животот цена?

„Пијам 2 чаши со ручекот, една со ужината и потоа уште 3 во квечерините: 1 со вечерата и 2 додека плетам. Џинот ме одржува млада“, вели таа.

Нејзиното тврдење е поткрепено од нејзиниот изглед и нејзините брзи когнитивни способности, па таа се обидела да пресмета колку вкупно шишиња џин испила од оној момент кога започнала да го консумира.

„Пресметав една вечер, кога не можев да спијам. Наместо да бројам овци, броев шишиња џин. Има 35 мерни единици во шише, а бидејќи пијам 6 чаши дневно заклучив дека пијам по 1 шише неделно. Што објаснува зошто секоја среда одам да купувам џин. На таа основа, купувам 52 шишиња годишно, односно 4.264 шишиња откога почнав да пијам“, објаснува Мејбел.

Како и да е, Мејбел сѐ уште, како што се вели „добро се држи“ и секојдневно ја практикува својата рутина. Ние ѝ посакуваме уште долги години исполнети со среќа, џин и тоник.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар