Заз – пејачка поради која ќе посакате да го научите францускиот јазик

Заз – пејачка поради која ќе посакате да го научите францускиот јазик

Автор: Александра Чакаровска

Заз е вистинско откровение на музичката сцена, која со својата харизма и талентираниот глас за неполни 2 години се стекна со милион обожаватели. Со своите песни веднаш ќе ве маѓепса и ќе посакате да ја слушате со часови, иако можеби не знаете ни еден француски збор. Преку песните, кои наликуваат на стилот на француските шансони, а изведени на еден поинаков мелодраматичен начин, Заз ви нуди единствена можност да ја запознаете француската музика од сосем поинаков агол.Заз – пејачка поради која ќе посакате да го научите францускиот јазикВистинското име на Заз е Изабел Жофруа (Isabelle Geffroy). Родена е на 1 мај, 1980 година во Тур, Франција. Љубовта кон музиката ја покажува уште од мали години, кога со своите сестра и брат посетува часови по музика. Подоцна студира музичка теорија, а се фокусира повеќе на виолината, пијаното, гитарата и хорското пеење.

Освен музиката, се занимавала со спорт и професионално учела кунг фу. Во 1995 година посетува часови за пеење, а во 2000 година добива стипендија и се запишува во училиштето за модерна музика во Бордо, Франција.Заз – пејачка поради која ќе посакате да го научите францускиот јазикСвојата музичка кариера Заз ја започнува во 2001 година, пеејќи во бендот „Fifty fingers“. Подоцна пеела и во други бендови, а своите вокални способности ги усовршувала и како хорист, настапувајќи со многу пејачи како Маесо, Арт Менго, Владимир Макс. Во 2006 година се преселува во Париз.Заз – пејачка поради која ќе посакате да го научите францускиот јазикМногумина ја нарекуваат музичкиот феномен од парискиот Монмартр, поради тоа што заработувала токму од пеењето на улиците на Монмартр. Сепак, среќата и се насмевнува во 2007 година, кога почнува да соработува со продуцентот и текстописец Кередин Солтани. Токму Кередин се јавува како композитор и автор на најголемиот хит на Заз – „Je Veux“.Заз – пејачка поради која ќе посакате да го научите францускиот јазикСвојата слава Заз ја доживува во 2010 година, издавајќи го својот прв албум Zaz. Песните, на кои многу од нив се јавува како автор, се интересен спој на џез со примеси на циганската музика. Мелодични и лесно певливи се запаметуваат уште од првото слушање. Текстовите на песните се вистинското нешто по што ја препознаваат Заз. Тие се едноставни,  лесни за паметење и пренесуваат универзални пораки. Во своите песни („Je veux“, „Ni oui ni non“, „Le Long de la route“, „Trop sensible“, „Les Passants“ ) Заз не сака накит од Шанел, лимузина, ниту ја сака Ајфеловата кула. Единствено што сака е љубовта, радоста, слободата…

Нејзината песна „Je Veux“, со над 10 милиони прегледи на YouTube, е вистински мегахит. Годината во која Заз го издава својот прв албум, 2010, достигнува огромна популарност со над пола милион продадени копии, со што се сертифицира како платиниумско издание. Истата година, Заз ги освои наградите за најдобра француска пејачка во 2010, како и најдобра француска пејачка во странство во 2010 година.

Главна инспирација за нејзините песни се „Четирите годишни времиња“ на познатиот композитор Вивалди, како и џез музичарите како Ела Фицџералд, Енрико Масијас, Боби Мекферин и Ричард Бона. Исто така, африканските, латино и кубанските ритми имале големо влијание врз создавањето на песните. Поради бојата на гласот и стилот на песните, многумина ја нарекуваат новата Едит Пјаф.

Оваа година, Заз планира да одржи концерти во многу земји, како Јапонија, Канада, Германија, Хрватска, Србија, Бугарија. Во Македонија, концертот е официјално закажан за 28 мај.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. R. Reply

    Тој глас, таа харизма, тој став, таа мелодичност..Тоа МОРА да е ЗАЗ!<3 Ја очекуваме со нетрпение!

  2. ivana Reply

    ПРЕКРАСНА!

Напиши одговор на R. Откажи одговор