Книга: „Девојката со бисерна обетка“ – Трејси Шевалие

Книга: „Девојката со бисерна обетка“ – Трејси Шевалие

Емоции и страст со секое нанесување на боите по сликарското платно. Нивниот мирис и густина. Нејзиниот невин поглед и неговиот посакувачки инстинкт додека ја слика…

Книга: „Девојката со бисерна обетка“ – Трејси Шевалие

Шевалие со својата брилијантност, креативност и способност за навлегување во детали, нè носи во 17 век и ја оживува судбината на убавата девојка со крупни очи на која најмногу би ѝ прилегале бисери само што општеството ѝ наметнува дека не ѝ доликуваат.

Импресивен микс на страст, грев, таинственост и трогателност. Една девојка е заглавена во љубовен триаголник меѓу човекот кој ја опсипува со физичка страст и оној кој ја претвора во порок на уметноста. Мајсторски обработено дело кое се осврнува кон феминизмот. Приказна која нема да ве остави мирни додека не ѝ го дознаете крајот.


Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ


Грит е 16-годишна девојка која поради големата несреќа на семејството е принудена да работи како слугинка во куќата на познат сликар. Семејството на сликарот Вермер е доста големо и справувањето со него не е лесна задача за младата Грит. Уште при самото пристигнување во куќата забележува дека тој и неговата жена Катарина веќе имаат 5 деца а шестото е на пат. Тие живеат заедно со Марија Тинс, мајката на Катарина, и уште една слугинка по име Тенеке. Уште при првиот ден Грит се соочува со Корнелија, една од ќерките на Вермер, темпераментно и себично девојче кое е вистински предизвик за младата слугинка.

Грит се соочува со надмени погледи, завист и желба да му се напакости дури и на оној кој не носи никаква вина. Во младите и ранливи години ја чувствува суровоста на животот, неправедноста на општеството и валканите страсти од кои не може да се одбрани. Својот мир го наоѓа во ателјето на нејзиниот господар. Прво го посетува за да го чисти, потоа за да му помага при подготовката на боите, нивното гмечење и миење, за на крај да биде личноста која му позира. Тој го впива својот поглед во несовршената „совршеност“ на нејзиното младо лице и лошо наместениот турбан кој ѝ ја покрива косата.Книга: „Девојката со бисерна обетка“ – Трејси ШевалиеТрогателна, реална а по малку и сурова приказна. Од феминистичка гледна точка, се потенцира потчинетоста на жената на сексуалните желби на мажот. Сосем спротивно се дава и пример за тоа како мажот е ставен под притисок да заработува со цел да го прехрани своето семејство. Перфектно е обработена суровоста на тогашното општество.

Но не би можела да ги прескокнам нештата кои ми бодеа очи. Како што бев поблиску до крајот чувствував дека книгата просто не смее да запре тука. Има уште многу работи кои би можеле да се обработат, ситуации и случувања на кои треба да им се стави повеќе акцент. Да, добиваме перфектна замисла за сликите на Вермер, за правењето на боите и за уметноста на светлината која дава отсјај на секоја слика предизвикувајќи еден таков емотивен набој.

Но недостига построго дефинирање на ликовите. Од една страна Грит умее да му се спротивстави на својот господар, како на пример цврстото држење до ставот дека не сака и не смее да ја открие својата коса. Но од друга страна, кога ѝ вели да стави бисерна обетка таа потенцира дека мора да го слуша и да не му противречи за ништо. Исто така, иако Грит е невина и патријархално воспитана девојка, се наоѓа во ситуација кога не размислува за својата чест. Потоа, од каде желбата на Катарина да раѓа толку деца иако семејството се соочува со финансиска криза? Дали е обид да се доближи до својот сопруг кој повеќе му се посветува на сликањето? Дали станува збор за нешто што не можеме да го одгатнеме сами или пак тема која писателката ја начнала, но не ја довршила?

Сепак, книгава ја препорачувам топло. Лесна е, ќе ви прелета низ прсти и ќе ве научи повеќе да си го цените сопствениот живот како и слободата да донесувате свои одлуки. Описот на галеријата, сликарските потези, бои, тонови и мириси е нешто што треба да се доживее, а нештата најдобро се доживуваат преку пишаниот збор.

Книжарница ТРИ, ГТЦ, I кат
тел: 02/3238-722
knizarnica@kniga.com.mk

За да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до вторник, 5 ноември 2013.

Добитниците ќе бидат објавени на профилите на Кафе пауза на Фејсбук, на Твитер и на Пинтерест, а наградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. Моника Reply

    #СакамКнигаОдТРИ Моника Ризова

  2. sanja Reply

    Bas sakam da ja procitam:))

  3. Simona Reply

    #СакамКнигаОдТРИ

  4. Викторија Reply

    #СакамКнигаОдТРИ Викторија Велкоска

Напиши одговор на sanja Откажи одговор