10 книги кои уредниците на Амазон ги прогласија за најдобри во 2019 година досега

10 книги кои уредниците на Амазон ги прогласија за најдобри во 2019 година досега

Веќе изминаа шест месеци од почетокот на новата година. Во тој период се објавени доста нови книги кои полека, но сигурно си го заземаат своето место во срцата на читателите.

Романот на Елизабет Гилберт бил избран од Амазон за најдобра книга до месец јуни. „Девојките од градот“ се наоѓа прв на листата од 10 книги составена од уредниците. На пресот, Гилберт се заблагодарила за изборот на нејзината книга и тоа што имала шанса да предизвика заинтересираност ширум светот. Таа додава и дека е многу благодарна и радосна што нејзината книга била избрана за најдобра книга на половина од 2019-та година.

Секоја година, Амазон објавува две листи со книги – „Најдобра книга на годината досега“ и „Најдобра книга на годината“. Списоците се инспирирани од самите читатели кои се со Амазон уште од неговите почетоци.

Со именувањето на најдобра книга на годината досега, „Градски девојки“ (City of Girls) ѝ се придружи на блескавата група претходници кои биле почестени со истото признание, вклучувајќи ги книгите на Тара Вестовер и останати автори. Оваа авторка е најпозната по романот „Јади, моли се и уживај“ (Eat Pray Love), а нејзината колекција ги вклучува и „Суров човек“ (The Stern Man) и „Потеклото на сите нешта“ (The Signature of All Things), кои биле објавени во 2002 и 2013 година.

Да не должиме, погледнете ја листата со најдобрите книги во 2019 година досега, објавена од страна на Амазон:

1. „Градски девојки“ (City of Girls) – Елизабет Гилберт

Главното дејствие на бестселерот на Њујорк тајмс се одвива во театарска заедница во градот Њујорк во 1940-те години. Романот ја следи Вивиан, 19-годишна пропадната студентка која ѝ се приклучува на нејзината тетка во Менхетен и се пробива во светот на Лили Плејхаус (малечка установа која видела и подобри денови).

2. „Немата пациентка“ (The Silent Patient) – Алекс Мајклидис

Во овој бестселер број еден, ликот од насловот е Алисиа која е глувонема сликарка чие име станува познато откако ќе биде примена во психијатриска установа по пукањето на нејзиниот сопруг – злосторство кое таа одбива да го разјасни.

3. „Повторно ги видовме ѕвездите: Мемоари“ (Once More We Saw Stars: A Memoir) – Џејсон Грин

Приказната започнува со несреќен случај во кој Џејсон Грин ја убива неговата 2-годишна ќерка и го следи поправањето на неговиот брак и патешествието откако тој и неговата сопруга ќе станат родители на второ дете.

4. „Сестрана госпоѓа“ (Mrs. Everything) – Џенифер Вајнер

Овој роман во центарот ги става сестрите Џо и Бети, движејќи се од нивното детство во 1950-те години во Детроит, па сè до траумите и победите во нивната зрелост во турбулентните 1960-ти и 1970-ти.

5. „Ноќниот тигар“ (The Night Tiger) – Јангци Чу

Сместена во Малезија во 1930-тите години, „Ноќниот тигар“ ја раскажува приказната за една танчарка и еден 11-годишен слуга чија мисија е да организираат соодветно закопување за прстот што недостига и да ги откријат мистериозните умирања кои ја мачат нивната заедница.

Продолжува на другата страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар