Вкусна комбинација од кафе и топло чоколадо за љубителите на француската кујна

Густо париско топло чоколадо и храбро црно кафе – совршен пијалак за секое време

vkusna-kombinacija-od-kafe-i-toplo-chokolado-za-ljubitelite-na-francuskata-kujna-www.kafepauza.mk

Потребни состојки:
  • 240 милилитри свежо подготвено црно кафе
  • 375 милилитри млеко
  • 120 милилитри слатка павлака
  • 1 лажица шеќер во прав
  • 220 грама темно чоколадо, исечкано на парчиња
Начин на подготовка:

Ставете ги млекото, слатката павлака и шеќерот во сад со средна големина, измешајте и загрејте ги на среден оган. Кога ќе почнат да се појавуваат балончиња од страните, веднаш тргнете го садот. Не дозволувајте смесата да зоврие!

Додајте го исечканото чоколадо и оставете да отстои околу 2 минути, а потоа мешајте додека не добиете хомогена смеса. Оставете да отстои уште 5 минути.

Распоредте го претходно подготвеното кафе во 4 шолји, па одозгора дополнете со чоколадната смеса. За крај, слободно декорирајте со шлаг пена и чоколадни трошки.

Совет: Доколку исечканото чоколадо не се топи, вратете го садот на тивок оган и мешајте сè додека не се растопи.

Ако ви се допадна овој рецепт, пробајте го и ова Барселонско топло чоколадо!

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Баже Reply

    Делува убаво, но каде е кафето и кога се меша или додава?

    • Кафе пауза Reply

      Прво се сипува кафето, па се дополнува со чоколадната смеса. Го преработевме малку текстот за да биде појасна постапката.

Остави коментар