Рецепт за италијанско афогато

Рецептот за италијанско афогадо е еден од најлесните десерти за подготовка доколку сакате да се заблажите по вечерата

Потребни состојки:
  • 2 топки сладолед од ванила
  • 1 нормална доза еспресо
  • 1 супена лажица ликер од орев
  • Чоколадо, за декорација
Начин на подготовка:

Подгответе го еспресото како и секогаш. Ставете 1-2 топки сладолед од ванила во широка чаша или мал стаклен сад и сипете го еспресото над нив. Додајте го и ликерот од орев и изрендајте малку темно чоколадо. Сервирајте веднаш.

Пробајте го и овој изненадувачки вкусен кофеински шејк со урми.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар