Појадок што ќе ве разбуди и засити: Рецепт за неодолив пудинг со кафе крем

Далгона, кремаста сензација од само три состојки: инстант кафе, шеќер и вода, беше еден од најголемите хитови за време на карантинот, а готвачите ширум светот започнаа да го комбинираат „новото откритие“ со најразлични задоволства. Една од нив е овој здрав и кремаст пудинг од чиа што може да ве одржи сити до пладне.

Појадок што ќе ве разбуди и засити: Рецепт за неодолив пудинг со кафе крем

Една од тајните на кремастиот пудинг е замрзната банана. Ден пред подготовката, исечете ја бананата на парчиња и замрзне. Следниот ден користете добар блендер или процесор за храна и ќе добиете кремасто совршенство – многу покремасто отколку со користење свежи банани.

Потребни состојки:

  • 3 лажици подготвен кафе крем (далгона)
  • 2 лажици семе од чиа
  • 60 милилитри топла вода
  • 60 милилитри млеко
  • 1 лажица рендано црно чоколадо
  • 1/2 лажичка цимет
  • 1 голема зрела банана
  • 1 лажица овесна каша

Начин на подготовка:

  1. Исечете ја бананата ден претходно и замрзнете ја. Следниот ден, истурете ги семето чиа во топла вода и повремено мешајте, а потоа прелијте го со млекото и оставете го настрана.
  2. Со блендер измешајте ја смесата од семето чиа со бананата и овесната каша. Можете исто така да додадете мед, сируп од агаве или кафеав шеќер по желба.
  3. На дното на садот за сервирање ставете го ренданото чоколадо, а потоа прелијте го со пудингот и украсете со кафе крем. Добар апетит!

Погледнете го и рецептот за далгона кафе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар