Што се случува во организмот по 10, 20, 30 и 360 минути откако ќе се напиете кафе?

За кафето има толку многу спротивставени мислења што е невозможно да се избројат. Некои тврдат дека е многу корисно, други дека е штетно. Она што е факт е дека кафето го зголемува нивото на адреналин, што доведува до побрз проток на крв низ телото и зголемување на бројот на отчукувања на срцето. Но, тоа е само почеток…

Што се случува во организмот по 10, 20, 30 и 360 минути откако ќе се напиете кафе?

Исто така, кафето спречува допаминот повторно да се апсорбира во вашиот систем, поради што останува подолго во мозокот, а тоа доведува да се чувствувате позитивно и да бидете посреќни подолго време. А, задржувањето на допаминот е она што го тера мозокот да бара повеќе кофеин.

Погледнете какви промени се случуваат во вашето тело во првите 6 часа по пиењето кафе:

Во првите 10 минути

Кофеинот влегува во крвотокот и се шири низ целото тело, предизвикувајќи зголемување на крвниот притисок и на отчукувањата на срцето.

До 20 минути

Кофеинот се врзува за рецепторите на аденозин и го неутрализира заморот. Нивото на допамин се зголемува, што создава чувство на будност и фокусираност.

До 30 минути

Надбубрежните жлезди почнуваат да лачат повеќе хормони, а во овој период се шират зениците и видот може да стане поостар.

До 40 минути

Телото почнува да произведува повеќе серотонин, што ја подобрува работата на нервите во внатрешноста на ‘рбетниот мозок, а тоа доведува до подобрена координација и зголемена мускулна сила.

По 4 часа

Се забрзува метаболизмот и затоа согорувате енергија побрзо. Во овој период, телото почнува да ги разградува маснотиите.

По 6 часа

Течното кафе поминало низ вашиот организам и најверојатно ќе треба да уринирате. А дотогаш, околу половина од кофеинот што сте го консумирале ќе излезе од вашето тело.

Прочитајте што се случува кога ќе испиете кафе на празен стомак.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар