Светот полуде по ова кремасто кафе, а по овој рецепт може да си го подготвите и дома

Светот полуде по ова кремасто кафе, а по овој рецепт може да си го подготвите и дома

Една од малите работи што едвај чекаме е да ги направиме е да се напиеме кафе со пријателите. Изгледа дека ќе мора да почекаме некое време, но од друга страна, тоа не значи дека не можеме да уживаме во вкусно кафе дома.

Светот полуде по ова кремасто кафе, а по овој рецепт може да си го подготвите и дома

Кафето кое ги освои социјалните мрежи

Социјалните мрежи овие денови се окупирани од т.н. „далгона кафе“, специјално подготвен напиток кој ги има своите корени во Индија и Пакистан, а беше вратен на голема врата во гастрономијата на почетокот од оваа година од страна на Корејците. Како дел од популарно шоу, ова кафе било испробано од актерот Јунг Ил-Ву, кој бил толку воодушевен од кремастиот пијалак што го комбинирал со традиционалниот корејски мек десерт „далгон“.

Не било потребно многу време за овој рецепт да се рашири на социјалните мрежи под ова име. Неговата слава во голема мера ја потпомогнала апликацијата TikTok, која натерала милиони луѓе да пробаат да го направат ова кремасто кафе. А еве го и рецептот:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mack Jean (@mackjeanblog) on

Потребни состојки:

  • 2 лажички инстант кафе
  • 2 лажички шеќер
  • 2 лажички топла вода
  • 100 мл млеко

Начин на подготовка:

  1. Сите состојки (освен млекото) треба да ги ставите заедно во сад и да ги промешате се додека не добиете кремаста смеса со светло-кафена боја. Се разбира, можете да го скратите времето на подготовка со помош на алатката за матење на состојките.
  2. Ставете млекото во друга чаша во која ќе ја додадете подготвената смеса.
  3. Ова кафе може да го сервирате топло или ладно, а неговата температура ќе зависи од тоа дали ќе изберете топло или ладно млеко. Ако се одлучите за ладна варијанта, не заборавајте да додадете неколку коцки мраз.

Ако го направете утринското кафе на овој начин, ќе ја излечите тироидната жлезда, анемијата и болките во коските!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар