Кафе на денот: Кокосово Гилермо со летен твист

Блендирано кафе што нема да ве остави рамнодушни

Потребни состојки:
  • 90 милилитри кафе концентрат
  • 1 лимета
  • 60 милилитри кокосов крем
  • Ледени коцки
  • Млеко (по желба)
Начин на подготовка:

Ставете ги сите состојки во блендер и матете додека не се соединат. Можете да додадете и малку млеко доколку сакате похомогена смеса. Декорирајте со кора од лимета и послужете. Имајте убав викенд!

Пробајте го и овој незаборавен леден коктел со кафе и сируп од цреши.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар