ТВ серија: Стар Фолс (Star Falls)

ТВ серија: Стар Фолс (Star Falls)

Тинејџерка се обидува да натера холивудска ѕвезда да се заљуби во мајка ѝ

Главни улоги: Дион Џонстон, Елена В. Волф, Томасо Санели, Сиена Агудонг, Маркус Корнвол, Џадиел Доулин, Камаиа Фербурн

Жанр: комедија

Креатори: Џорџ Доти IV

Премиера: 31 март 2018

Број на сезони: 1

Времетраење: 20 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 7/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (Нема гласови)
Loading...

 

Приказната нè носи во животот на тинејџерката Софија (Сиена Агудонг) која ќе успее да ја убеди холивудската ѕвезда Крег Брукс (Дион Џонстон), заедно со неговите три деца, да се всели во нејзината куќа додека снима филм во близина. Нејзината цел е да го натера да се заљуби во мајка ѝ, Бет (Елена В. Волф), која ги обожава сите негови филмови и одамна му се воодушевува.

Станува збор за едноставна 20-минутна комедија со добар хумор што ќе ве опушти дури и во најстресните денови. Вие уште од првата епизода ќе се заљубите во бестрашната и решителната Софија и едвај ќе чекате да излезе следната епизода за да откриете каква будалштина ќе измисли следно да за да ја направи мајка си среќна.

Покрај Софија, треба да се спомнат и децата на Крег, односно Бо (Маркус Корнвол), Феникс (Џадиел Доулин) и Дајмонд (Камаиа Фербурн). Нивните ликови се… па, специфични. Но, токму тоа и ги прави забавни за гледање. Откако и тие ќе сфатат дека нивниот татко е посреќен во близина на Бет, ќе се вмешаат во планот на Софија за нивните родители да се заљубат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар