Најочекуваните филмски премиери за мај 2018

Нема двоумење дека филмовите на Марвел и франшизата Војна на ѕвездите доминираат со кино салите во последните неколку години. Тие успеаја да направат нешто што никој во филмската индустрија досега не успеал – срушија цел куп рекорди и поставија толку многу нови што на идните генерации ќе им требаат години, ако не и декади за да ги срушат. Имајќи го сè ова на ум, овој месец нè очекуваат премиери и од двете страни со второто продолжение на Дедпул и филмот за младиот Хан Соло. Возбудливо, се согласувате?

Најочекуваните филмски премиери за мај 2018

1. Мојот лажен маж (Overboard) – 4 мај 2018

Леонардо (Еугенио Дербез) е себичен, разгален и богат маж од најбогатата фамилија во Мексико, а Кејт (Ана Фарис) е самохрана мајка на три деца која едвај успева да заработи за живот. Откако ќе биде безмилосно отпуштена од Леонардо, тој ќе падне од својот брод во море и ќе се разбуди на брегот во Орегон со амнезија. Кејт ќе ја искористи оваа шанса за да го научи на лекција така што ќе го излаже дека е нејзин сопруг и ќе го натера да живее како човек од работната класа.

2. Дедпул 2 (Deadpool 2) – 18 мај 2018

Откако ќе преживее скоро фатален напад од говеда, обезличениот шеф на кафетерија Вејд Вилсон (Рајан Рејнолдс) ќе се бори да го оживее својот сон да стане најжешкиот бармен во Мајбери, додека истовремено се обидува да се справи со губењето на сетилото за вкус. Во обид да го зачини својот живот и да ја открие важноста на семејството, пријателството и вкусот, Вејд мора да се бори против нинџи, јакуза и глутница сексуално агресивни кучиња.

3. Клубот на задоволни жени (Book Club) – 18 мај 2018

Даен (Даен Китон) по 40 години во брак останала вдовица. Вивијан (Џејн Фонда) ужива со своите мажи без никакви обврски. Шерон (Кендис Берген) сè уште се обидува да се осамостои по развод од пред една декада. Бракот на Керол (Мери Стинбурген) почнал да се распаѓа по 35 години. Животите на овие жени се превртуваат наопаку откако ќе ја прочитаат трилогијата 50 нијанси сиво што ќе ги катапултира кон луди животни избори.

4. Соло: Приказна од Војна на ѕвездите (Solo: A Star Wars Story) – 25 мај 2018

По низа храбри лудории длабоко во темниот и опасниот криминален подземен свет, Хан Соло (Алден Ехренрајх) се здружува со неговиот моќен копилот Чубака (Јонас Суатамо) и го запознава озлогласениот коцкар Ландо (Доналд Гловер) во авантура што ќе го одведе на патот да стане еден од најневеројатните херои во сагата Војна на ѕвездите.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар