ТВ серија: Специјална единица (S.W.A.T)

Лос Анџелес е малку побезбедно место кога овие агенти се на работа!

(1) tv-serija-specijalna-edinica-s-w-a-t-www.kafepauza..mkГлавни улоги: Шимар Мур, Дејвид Лим, Стефани Сигман

Жанр: акција, авантура, криминал

Креатори: Арон Рашан Томас и Шон Рајан

Премиера: 2 ноември 2017

Број на сезони: 1

Времетраење: 43 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 7/10

Ваша оценка: 3 votes, average: 9.33 out of 103 votes, average: 9.33 out of 103 votes, average: 9.33 out of 103 votes, average: 9.33 out of 103 votes, average: 9.33 out of 103 votes, average: 9.33 out of 103 votes, average: 9.33 out of 103 votes, average: 9.33 out of 103 votes, average: 9.33 out of 103 votes, average: 9.33 out of 10 (3 гласа, просек: 9.33 од 10, гласано)

Loading...

 

Ако сте љубители на криминалните драми, тогаш имаме интересен предлог за вас! ТВ серијата „S.W.A.T“ чии водечки лик го толкува Шимар Мур (кој сигурно веќе го знаете како Дерек Морган од Криминални умови) е типична криминалистичка приказна која е лесна за следење и за гледање и ќе ви го одмори умот од секојдневните проблеми и незавршени обврски. Таа следи слично темпо како и Хаваи 5-0, секоја недела обработувајќи по еден нов случај, независен од претходниот и се разбира, кој завршува успешно.

(2) tv-serija-specijalna-edinica-s-w-a-t-www.kafepauza..mk

Приказната е делумно базирана на филмот со исто име од 2003 година, кој пак бил инспириран од друга постара ТВ серија, повторно со истото име, што била голем хит во 70-тите. Мур го толкува ликот на Даниел Хондо Харелсон, чија нова задача е да ја води специјализираната тактичка единица од ЛАПД. Приказната е брза, динамична и интересна, па ако сте љубители на акциите со многу пукање, тогаш без сомнение сте на вистинското место. Лос Анџелес знае да биде навистина опасно место, но овие момци и девојки се тука да се борат против криминалот и да го направат светот барем малку побезбедно место за живеење.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар