ТВ серија: Мечтање (Reverie)

Професорката Мара Кинт станува дел од тимот што работи на програма за виртуелна реалност со опасни несакани последици

Главни улоги: Сара Шахи, Денис Хајсберт, Кетрин Морис

Жанр: драма, трилер

Креатор: Мајки Фишер

Премиера: 30 мај 2018

Број на сезони: 1

Времетраење: 60 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 vote, average: 10.00 out of 101 vote, average: 10.00 out of 101 vote, average: 10.00 out of 101 vote, average: 10.00 out of 101 vote, average: 10.00 out of 101 vote, average: 10.00 out of 101 vote, average: 10.00 out of 101 vote, average: 10.00 out of 101 vote, average: 10.00 out of 101 vote, average: 10.00 out of 10 (1 гласа, просек: 10.00 од 10, гласано)

Loading...

 

Ако сте љубители на ТВ серијата „Црно огледало“ (Black Mirror), тогаш сигурно ја помните епизодата „Брзо ќе се вратам“ (Be Right Back), во која артистката Марта (Хејли Атвел) се обидува да се справи со смртта на нејзиното момче Аш (Домхнал Глисон) на нетрадиционален начин. По фаталната сообраќајка, Марта ги додава сите негови информации од социјалните мрежи во вештачка интелигенција, што ќе ѝ овозможи прво да „разговара“ со својата љубов, а потоа дури и да го види пред себе во форма на андроид. Новата ТВ серија „Мечтаење“ е инспирирана токму од оваа епизода.

Но, за разлика од настаните во „Црно огледало“, во оваа ТВ серија корисниците користат виртуелен свет за средбата со своите сакани. Со оглед на тоа што не се обврзани со правилата на физиката и логиката, ова алтернативно искуство им овозможува голема слобода во однос на визуелните и психолошките истражувања.

Приказната се врти околу Мара Кинт (Сара Шахи), која работела како преговарач за заложници, а сега е професор на колеџ што им помага на студентите да маневрираат низ социјалните интеракции. Таа ќе биде регрутирана од страна на компанијата зад „Мечтаење“, напреден програм што им овозможува на корисниците да ги доживеат своите најлуди соништа во виртуелната реалност. Со оглед на тоа дека некои луѓе се посреќни во програмот отколку во реалниот свет, нивните физички тела почнале да паѓаат во кома. Задачата на Мара е да влезе во нивната симулација и да ги убеди да се вратат во реалноста.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар