Филм: Соло: Приказна од Војна на ѕвездите (Solo: A Star Wars Story)

Хан Соло ги запознава Чубака, својот иден пилот и Ландо Карлизиан, неколку години пред да му се приклучи на Отпорот.

Режија: Рон Хауард

Улоги: Алден Еренрич, Емилија Кларк, Јонас Суатамо, Доналд Гловер

Времетраење: 135 минути

Премиера: 25 мај 2018

Јазик: англиски

Жанр: акција, авантура, фантазија

Наша оценка: 7/10

Ваша оценка: 1 vote, average: 10.00 out of 101 vote, average: 10.00 out of 101 vote, average: 10.00 out of 101 vote, average: 10.00 out of 101 vote, average: 10.00 out of 101 vote, average: 10.00 out of 101 vote, average: 10.00 out of 101 vote, average: 10.00 out of 101 vote, average: 10.00 out of 101 vote, average: 10.00 out of 10 (1 гласа, просек: 10.00 од 10, гласано)

Loading...

 

Да бидеме реални, Хан Соло не може да постои без Харисон Форд. Дизни дефинитивно не се согласува со моето мислење, па затоа и вложи 250 милиони долари во филм што треба да ни го претстави легендарниот Соло без никакво присуство од страна на Харисон Форд. И не можам да кажам дека изборот на актерот и самата приказна е тотално разочарување, но сепак, пред да одите да го гледате филмот, сметам дека треба да ве предупредам да ги намалите очекувањата бидејќи кога ќе излезете од кино салата нема да го имате она епско чувство што го доживеавте со сите досегашни продолженија.

Поголемиот дел од времето филмот е добар за гледање. Кога прв пат ќе го запознаеме Хан (Алден Еренрич), тој краде со цел да остане жив на темна планета на која владее грдата и злобна Лејди Проксима. Тој од неа ќе украде нешто многу вредно, со цел да си купи излез од планетата за него и неговата девојка, Кира (Емилија Кларк). Но, Хан ќе избега, а Кира ќе остане, па нејзиното спасување ќе стане неговата нова, најголема животна мисија.

Најинтересното нешто во целиот филм, според мене, е роботот L3-37! Таа е самомодификуван дроид, односно еден вид комбинација од повеќе дроиди, па затоа и имала можност самата да се унапредува. Таа исто така и постојано се бори за еднаквост на дродите, сакајќи тие да уживаат во истите права како и сите други суштества во универзумот. Тука треба да се спомнат и Чубака (Јонас Суатамо), кој без сомнение ги пополни чевлите на Питер Мејхју, и Ландо Карлизиан (Доналд Гловер) кој неочекувано ќе ве воодушеви со својот перформанс.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар