10 лоши навики кои ви ја цедат енергијата и како да се откажете од нив

Дали постојано се чувствувате изморено, а не ви е јасно зошто? Причината за ова е тоа што имаме навики кои ја цедат нашата енергија и не знаеме како да ги избегнеме. Но решението е многу едноставно – сè што ви треба е волја. Во продолжение ви претставуваме 10 навики што ви ја цедат енергијата и решенија, предложени од Далај Лама, за секоја од нив.

10-loshi-naviki-koi-vi-ja-cedat-energijata-i-kako-da-se-otkazhete-od-niv-kafepauza.mk

1. Исполнете ги вашите ветувања

Не давајте ветувања што не можете да ги исполните. Обидувајќи се да бидете добри, вие го уништувате добриот збор за вас. Па, ако ветите нешто, погрижете се да го исполните.

2. Избегнувајте отровни луѓе

Многупати сакајќи да помогнете некому, сте завршиле со поплаки и негативна енергија од другите. Опркужете се со позитивни луѓе и избегнувајте ги отровните.

3. Плаќајте ги вашите сметки навреме

„Не должи никому“ треба да биде вашето животно мото. Секогаш плаќајте ги вашите долгови навреме. Третирајте ги другите како што сакате вие да бидете третирани.

4. Научете да простувате

Ако одберете да живеете без простување, одбирате да страдате. Наместо да се труете со омраза, одберете да простите и да продолжите натаму, без разлика дали некој ја заслужил вашата прошка или не.

5. Фокусирајте се на она што го сакате

Понекогаш работите во кои не уживате се потребни, но секогаш кога е возможно одложете ги задачите кои не ги сакате и концентрирајте се на вашата страст.

6. Време за секоја цел

Има време за одмор и има време за делување. И двете се подеднакво важни во вашиот живот, не го заборавајте тоа.

7. Не натрупувајте… реновирајте!

Ако сакате да му дозволите на животот да тече, не се заглавувајте. Започнете со прередување на вашата соба или обновување на вашиот гардеробер. Вашиот дом е огледало на вашата енергија, а нередот го блокира нејзиниот природен тек. Па, ако сакате да го исчистите вашиот ум, почнете со чистење на нередот во вашиот простор.

8. Соочете се со катастрофа

Немојте да се криете од соочувања. Ако нешто ви пречи, кажете го тоа и тргнете го од вашиот живот. Не чекајте решението да падне од небо. Најчесто е до вас, само треба да го побарате.

9. Внимавајте на здравјето

Дури и најбрилијантниот ум не може да функционира без добро здравје. Оние кои се грижат и за физичкото и за менталното здравје се многу посреќни. Поминете доволно време грижејќи се за вашето тело.

10. Дозволете му на животот да тече

Вие сте дел од сè и сè е дел од вас. Престанете да се борите со животот, прифатете го и дозволете си да бидете понесени од текот. Само запомнете дека вие сте оној кој го управува бродот.

Препознајте ги и одбранете се од крадците на вашата енергија!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар