3 вежби и 4 видови храна: Откријте ја тајната формула за совршен задник!

Ситните, рамни и слаби задници се дел од минатото. Сега се ценат облините како на Ким Кардашијан, но да не претеруваме. Сите ние сакаме обликуван и совршен задник. Но, како да го создадете? Всушност, тоа е толку едноставно! Сѐ што треба да направите е да комбинирате 2 вежби и 4 видови храна, и со малку упорност брзо ќе забележите резултати.

1-dve-vezhbi-i-chetiri-namirnici-otkrijte-ja-tajnata-formula-za-sovrshen-zadnik-www.kafepauza.mk_

4 волшебни видови храна

Протеини – кога станува збор за природните извори на протеини, тогаш изберете риба и тоа туна, јајца, мисиркино месо, пилешко месо, мешунки, сирење, црвено месо и месни производи. Водете сметка овие протеини да бидат што е можно подиетално подготвени, односно да избегнете пржење. Исто така, доколку веќе имате рутина во тренирањето, после тренингот можете да испиете и некој протеински шејк. Имајте на ум дека, ако сте слаби и сакате на природен начин да го зголемите и обликувате задникот, ќе мора да јадете повеќе, но и попаметно.

Јаглехидрати – заборавете на белиот леб и тестенините. Избирајте соодветна замена со произзводи од цело зрно. Кафен ориз, овес, сладок компир, кускус и други слични намирници се дозволени јаглехидрати кои ќе ви пријаат.

Масти, но од оние добрите – тука не станува збор за лошите, нездрави масти. Ќе ви бидат потребни здрави масти во вид на рибино масло, маслиново масло, бадеми, ореви и путер од кикирики. Тие може да ви обезбедат извајано тело од соништата и губење на вишокот килограми.

Зеленчук – богат со антиоксиданси, како што е брокулата, спанаќот, кељот и останатиот зелен зеленчук. Можете да го јадете во неограничени количини! Кога станува збор за овошјето, задржете се само на една овошка дневно, бидејќи сепак содржи големо количество шеќер.

2-dve-vezhbi-i-chetiri-namirnici-otkrijte-ja-tajnata-formula-za-sovrshen-zadnik-www.kafepauza.mk_

3 волшебни вежби

Без вежбање нема вистински резултати! Исхраната е клучна, но добар ефект дава и самото вежбање. Кои вежби ви се потребни? Тоа се чучнувањата, исчекорот и мостот.

Чучнувањата правете ги класично, само водете сметка да не ја подигнувате петата кога ќе се спуштате надолу. Исто така, обидете се да ангажирате што е можно поголем број мускули на нозете и задникот.

3-dve-vezhbi-i-chetiri-namirnici-otkrijte-ja-tajnata-formula-za-sovrshen-zadnik-www.kafepauza.mk_

Кога станува збор за исчекорувањата, зазамете почетна положба исто како за чучнувањата, а потоа едноставно исчекорете нанапред, со голем чекор, за да ги затегнете мускулите. Двете колена треба да бидат свиткани, а грбот сосема исправен.

4-dve-vezhbi-i-chetiri-namirnici-otkrijte-ja-tajnata-formula-za-sovrshen-zadnik-www.kafepauza.mk_

И на крај, кога станува збор за вежбата мост, легнете на грбот, рацете ставете ги од страна, нозете свиткајте ги во колената, поставени во рамнина со рамениците. Издигнете ги колковите над подот, цело време стегајќи ги мускулите на задникот и издржете во оваа положба неколку секунди.

5-dve-vezhbi-i-chetiri-namirnici-otkrijte-ja-tajnata-formula-za-sovrshen-zadnik-www.kafepauza.mk_

Откако ќе направите кондиција, ѕирнете ги и овие 10 ефективни вежби за затегнување на задникот и бутовите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар