Филм: Кучиња на војната (War Dogs)

Двајца пријатели решаваат да заработат од продажба на оружје

(1) Филм: Кучиња на војната (War Dogs)Режија: Тод Филипс

Улоги: Мајлс Телер, Џона Хил, Бредли Купер

Времетраење: 114 минути

Премиера: 19 август 2016

Jазик: англиски

Жанр: комедија, криминал, драма

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (6 гласа, просек: 9.17 од 10)

Loading...

Најновата филмска адаптација на вистински настан ги поместува границите на кредибилитетот. Станува збор за приказна каде што двајца Евреи од Флорида стануваат интернационални дилери на оружје, по настанот што ја остави Америка без здив на 11 септември. И покрај тоа што не станува збор за апсолутна комедија, како „Мамурлакот“, работата на Тод Филипс, во комбинација со талентот на главните ѕвезди, Мајлс Телер и Џона Хил, резултираат со одличен филм. И покрај тоа што станува збор за ликови кои треба да ви бидат одбивни, сепак нема да можете да одолеете на нивниот шарм.

(2) Филм: Кучиња на војната (War Dogs)

Мајлс Телер ја толкува улогата на Дејвид, а Џона Хил на Ефреим. Бидејќи веќе на некој начин е дилер, Ефреим заработува пари од „трошки“ така што продава различни воени материјали кои владата ги смета за доволно мали да бидат игнорирани од страна на големите фирми со кои имаат склучено договор, но сепак вредат илјадници. Од друга страна пак, Дејвид воопшто не е поврзан со оваа индустрија – тој работи со масажи.

(3) Филм: Кучиња на војната (War Dogs)

Сигурно веќе сфативте дека Ефреим ќе го внесе Дејвид во својот свет, на начин од кој едвај ќе спасат жива глава. И бидејќи Дејвид ќе ја лаже својата партнерка (Ана де Армас) која е целосно против војните, јасно е дека ништо добро нема да излезе од нивниот план. Но, овие таканаречени кучиња на војната навлегуваат уште подлабоко во овој свет, така што склучуваат договор со Пентагон, вреден 300 милиони долари, за снабдување со оружје на сојузниците во Авганистан.

(4) Филм: Кучиња на војната (War Dogs)

Да, нештата ќе станат насилни, но не толку крвави како што мислите. Филипс го одржува текот на приказната светол и лесен за гледање, па затоа и без сомнение ќе уживате во овој филм. Особено ако сте расположени за комедија базирана на вистински настани, со ликови кои треба да ги мразите, но ќе ги засакате од срце.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар