Филм: 47 Ронин (47 Ronin)

Филм: 47 Ронин (47 Ronin)

Чест и одбрана на честа во феудална Јапонија

Филм: 47 Ронин (47 Ronin)Режија: Карл Ринш

Улоги: Киану Ривс, Киројуки Санада, Ко Шибасаки

Времетраење: 118 минути

Јазик: англиски

Премиера: 25 декември 2013

Жанр: акција, авантура, фантазија

Наша оценка: 7/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (12 гласа, просек: 8,17 од 10)
Loading...

Дефиницијата за ронин вели дека тој е самурај кој не му служи на ниту еден господар, не затоа што така сакал, туку затоа што поради некоја причина останал без него. Приказната за одмаздата на група од 47 ронини наводно навистина се случила во Јапонија во 18-тиот век и претставува одлична подлога за голем холивудски блокбастер. И покрај тоа што не е кој знае колку добар филм, навистина може добро да ве забавува затоа што лесен е за следење, нема комплицирано дејство ниту комплицирани ликови. Од голема важност е внимателно да ги проследите првите неколку минути од филмот во кои раскажувачот детално објаснува што е ронин, а што самурај во склопот на општествените односи во феудална Јапонија, а ако дотука ги научите основните работи понатаму е полесно да се сфатат работите.

Филм: 47 Ронин (47 Ronin)

Киану Ривс се појавува во главната улога како Каи, половина Јапонец, половина Британец, кој како дете е пронајден во шумата и одгледан од локалниот феудалец Асано, со кого немаат некоја силна меѓусебна врска. Каи, всушност, е многу поблизок со Мика, ќерката на Асано, кон која чувствува љубов. Живее мирен живот совладувајќи ги самурајските вештини иако не може да биде самурај поради своето мешано потекло, со што го стекнува статусот на ронин.

Филм: 47 Ронин (47 Ronin)

Кога Асано ќе биде понижен во една прилика, тој одлучува да се самоубие во обид да ја зачува својата чест, оставајќи ги сите свои самураи како ронини. Заедно со Каи тие се група од 47 воини без господар кои подоцна дознаваат дека Асано бил неправедно понижен и тргнуваат во поход да ја одмаздат неговата неправедна смрт.

Филм: 47 Ронин (47 Ronin)

Филмот е доста едноставен, што за жал не го прави многу добар. Одличните визуелни ефекти и костимографија не играат голема улога кога ликовите се еднодимензионални, а на многу места во приказната се среќаваат клишеа и уште полошо – фрази кои се веќе слушнати во многу филмови. Друг проблем за гледачот може да претставува концептот за честа и одбраната на честа во Јапонија од пред неколку векови, кој нам денеска ни е многу туѓ. Но, во секој случај, доколку седнете да го гледате „47 Ронин“ без некои преголеми очекувања, добрата количина на акција и јапонска митологија може добро да ви го исполни времето.

Филм: 47 Ронин (47 Ronin)Филм: 47 Ронин (47 Ronin)


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

  1. Lily Reply

    Го гледав пред некое време, и морам да кажам дека описот даден тука е многу оскуден, и филмот не е за фрлање.
    Не само што ќе ви помине времето со него, туку не е „не многу добар“ бидејќи се опфатени повеќе работи отколку само одбраната на честа на господарот.
    Во секој случај, вреден за погледнување. 🙂

Напиши одговор на Lily Откажи одговор