5 филмови што ќе ви го подобрат расположението

5 филмови што ќе ви го подобрат расположението

Овие 5 филмски класици, во форма на романтични комедии и драми, ќе ве излечат од досадата и од лошото расположение.

1. „Слободниот ден на Ферис Булер“ („Ferris Bueller’d Day Off“)

Во овој филм се зборува за тоа како да се каже едно големо „не, благодарам“ на рутината на секојдневниот живот. Тројца богати тинејџери од Чикаго го прескокнуваат училиштето во име на борбата против системот, досадата и покорноста, а неверојатната мода од 80-тите е причина плус да го гледате овој филм.

2. „Гранд хотел Будимпешта“ („The Grand Budapest Hotel“)

Кога животот забавува, најдобриот начин за стимулирање на умот е приказна што ги буди сите сетила. Ако приказната за Густав Х, портир кој по грешка бил фатен за убиство, не е доволна да ве размрда, тогаш ќе бидете инспирирани од незаборавните ентериери и фасадите на далечните места.

3. „Нотинг Хил“ („Notting Hill“)

Дали има подобро бегство од секојдневниот живот од брилијантна љубовна приказна? Одговорот е не, а Нотинг Хил носи порака дека љубовта може да победи сè.

4. „Потрага по среќа“ („The Pursuit of Happyness“)

Ако веќе долго време не сте плачеле и сакате да се исчистите од насобраните негативни емоции, овој филм ќе ви помогне во тоа. Оваа срцепарателна приказна со Вил Смит во главната улога носи триумф со тотален пресврт во тешкотија што изгледа безнадежна.

5. „Свадбата на мојот најдобар пријател“ („My Best Friend’s Wedding“)

Овој филм е мелем за душата, срцето, но и за очите. Џулија Робертс и Камерон Дијаз ја демонстрираат извонредната мода од деведесеттите додека ве водат низ оваа романтична комедија што ќе ве опушти и ќе ги протера сите лоши мисли од вашата глава.

Погледнете ги и овие 4 филмови што го слават животот и сите негови убавини.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

  1. Goran Markoski Reply

    адамовите јаболка

    маст си

    го заборајфте адам сендлер

Напиши одговор на Goran Markoski Откажи одговор