Откријте што ве карактеризира според хороскопот на древните Маи - Part 5

Откријте што ве карактеризира според хороскопот на древните Маи

KEH (03.03 – 22.03)

Симбол: оган, срна, дрво, исток

Изворен превод: Прекинување на навиките со весела песна и потрага по нов сјај

Опис: Луѓето во овој знак се желни за промена и не се плашат да ризикуваат. Не се враќаат на минатото и не се каат за своите постапки. Сакаат изненадувања и авантури. Имаат вроден афинитет за природата и природниот баланс. Ја имаат енергијата на огнот, а црвената боја им носи моќ. Може да помогнат за враќање на вистинскиот баланс и поредокот во природата, а во таа иницијатива многу може да им помогне медитацијата.

Животното кое е симбол на луѓето родени во овој знак е срната, нежниот и благороден жител на шумите какви што се и самите тие – нежни, благородни и дел од природата.

Главен правец за овие лица е исток.
Тие се горди и амбициозни, дарежливи и чесни. Имаат силна волја, самодоверба и авторитет, која често поминува во диктатура. Сакаат сѐ што е популарно. Понекогаш делуваат како пауни. Склони се кон долги и цврсти пријателства. Тие никогаш не ги напуштаат саканите.

KEH-луѓето живеат долго и среќно. Семејството им е оаза на мир и среќа, но сакаат да се дружат и со други луѓе. Своите неуспеси и љубовните проблеми ги прикриваат со насмевка. Добри советници се.

Важен период во животот 30–38 години.

Ако го пронајдат вистинскиот брачен сопатник, ќе имаат долга и среќна старост.

Совет: Избегнувајте да донесувате брзоплети одлуки, тоа може да ви донесе проблеми.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Анонимен Reply

    сте ги измешале, KAYAB e 03.11-22.11 а не ова

Остави коментар