Турандот - луксузен ресторан во срцето на Москва

Турандот – луксузен ресторан во срцето на Москва

Во забранетиот град Пекинг, ледената принцеза Турандот им поставува три загатки на сите принцови кои ќе ја побараат нејзината рака, а доколку не го пронајдат вистинскиот одговор, таа им одредува смртна казна. Така започнува приказната од „Илјада и една ноќ“, но како и во секоја добра приказна, секогаш постои момент што изненадува.

Принцот Калеф, маѓепсан од убавината на ледената принцеза, успева да ги одговори трите загатки. Принцезата изненадена од точните одговори на Калеф, го моли нејзиниот татко да не дава да се омажи за непознат човек. Принцот, обидувајќи се да ја освои нејзината љубов, пронаоѓа решение, ако Турандот го открие неговото име до наредниот ден тогаш тој доброволно ќе ја преземе смртната казна, а ако не, нејзиното срце му припаѓа нему. Секако, принцезата не успева да ја реши загатката и баш како во бајките, сè завршува со среќен крај. Токму оваа приказна стои зад историјата на магичниот ресторан Турандот, сместен во срцето на Москва.Турандот - луксузен ресторан во срцето на МоскваКритичарите велат дека е најверојатно една од најскапите инвестиции во светот на луксузните ресторани, место кое ве води во друга димензија и кое нуди задоволства за сите сетила. Влезот, изработен од бел италијански мермер, ве води во огромната сала за вечера на два спрата, опкружена со мали, приватни одаи. Под прекрасниот, декориран свод, во центарот на салата стојат музичари облечени во автентични костуми кои свират класична музика и секогаш ја отвараат вечерта со изведбата „Nessun Dorma“ (Никој не спие). Всушност, италијанскиот композитор Џакомо Пучини, инспириран од приказната за Турадонт ја компонирал истоимената позната  опера, а аријата „Nessun Dorma“ е кулминацијата на третиот и воедно последен чин.Турандот - луксузен ресторан во срцето на МоскваТурандот - луксузен ресторан во срцето на МоскваПостојат две главни сали, една на приземјето од ресторанот и една на првиот спрат, Порцелан и Гала сали, како и 8 одделни простории од кои секоја има своја различна тема.

Она што е сигурно е дека воопшто не се штедело во изградбата и декорирањето на ресторанот. Почнувајќи од 400 места во подземниот паркинг, до кујна која вреди над 2 милиони долари, па сè до рачно изработените фрески на ѕидовите, костумите на келнерите, луксузните столици и покривки за масите. Невозможно е да не се спомене прекрасниот масивен лустер во центарот на салата, обработен со кристали и којшто на целиот простор му дава уникатно осветлување. Тапетите, приборот за јадење, висечките лустери, уметничките дела, па и камините, сите овие елементи се уникатни и претставуваат само дел од целиот план за внатрешен дизајн кој бил креиран цели 6 години. Посебна магија додаваат и зимските градини.Турандот - луксузен ресторан во срцето на МоскваТурандот - луксузен ресторан во срцето на МоскваРесторанот служи кинеска и јапонска храна, а менито е креирано од познатиот шеф за азиска кујна Алан Јау. Покрај широкиот избор на специјалитети и десерти, гостите имаат можност да нарачаат посебни десерти кои ресторанот ги добива од добро познатиот локал Кафе Пушкин, којшто се наоѓа само неколку метри подолу од Турандот.Турандот - луксузен ресторан во срцето на Москва


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Од кога паметам вљубена сум во играта на зборовите и за мене нема поинтимен момент од оној кога сум сама со мислите пред празен лист хартија. Го ценам друштвото на убава книга, квалитетна музика и шолја турско кафе. Сакам стари предмети и ретро фотографии, особено оние кои со себе носат приказна. Дипломиран економист кој студиите ги преживеа благодарение на зависноста од чоколадо.

Поврзани содржини

  1. Gabi Reply

    Bravo za tekstot i dolovuvanjeto na ambientot… Sekoja cest…Jas za sreka imav moznost da go posetam ovoj prekrasen restoran i da gi probam nivnite specijaliteti…Navistina toa treba samo da se vidi i dozivee, preubav objekt.

  2. Dara Reply

    Gabi I jas bev tamu, no osven novoruska zelba da se dolovi Evropa ne pocustvuvav drugo. Sjajno da , preskapo da, no Nessun dorma vo obicno toskansko restorance zvuci poavtenticno I poprivlecno. Gi ljubam rusiite I se sto e Rusko, no Turandot vo Moskva e kic. Skap kic

Напиши одговор на Gabi Откажи одговор