Илустрации кои ја покажуваат неуништливата љубов помеѓу татковците и нивните ќерки

Кога сте уморни од напорното секојдневие, тогаш семејството секогаш ќе ви биде солидна морална поддршка. Вообичаено, кога разговараме за семејството помислуваме на љубовта на родителите, мајчинската сентименталност и татковата грижа. Денес секој родител еднакво се грижи и го сака своето дете, па природно постои една посебна врска помеѓу татковците и ќерките. За да ја илустрира таа посебна врска, младата артистка Снежана Суш направила прекрасни уметнички слики со водени бои кои ги објавила на својот Инстаграм профил.

Татковците секогаш ќе бидат тука за нас – независно дали треба да нѐ одбрани од насилниците или од чудовиштата под креветот.

Татковците секогаш ќе бидат тука за нас – независно дали треба да нѐ одбранат од насилниците или од чудовиштата под креветот

Овие слатки илустрации ни покажуваат дека вистината и големината на моќта на татковците се наоѓа во нивната нежност, љубезност и внимателност. Секоја слика буди различни чувства кај гледачите. Дозволете вашите срца да бидат затоплени од овие интересни цртежи кои ќе ве потсетат дека семејството никогаш нема да ве напушти и остави сами.

Татковците никогаш не се плашат да прават невозможни нешта за нас. На пример, кога треба да се научат како да ни ја плетат косата.

Татковците никогаш не се плашат да прават невозможни нешта за нас – на пример, кога треба да се научат како да ни ја плетат косата


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар