Неверојатни деликатни марами изработени како крилја од пеперутки

Неверојатни деликатни марами изработени како крилја од пеперутки

Познатата костимографка за театар, филм, опера и телевизија, која исто така е и модна дизајнерка, Аласи од Гранада, Шпанија, во својот нов бутик „El Costurero Real“, инспирирана од убавината и комплексноста на инсектите, ја преставила својата нова колекција прекрасни марами кои со своите шари, комбинации на бои и детали наликуваат на крилјата од пеперутките.

Неверојатни деликатни марами изработени како крилја од пеперутки

Конструкцијата на овие марами има слично светло и воздушно чувство како тие да припаѓаат на некој крилат инсект. Тие се печатени на материјал кој наликува на шифон, но всушност станува збор за 100% памук кој има малку поголема транспарентност. Како додаток, марамите имаат жица која е зашиена низ предниот дел за да можат да се користат и во танцувањето.

Интересите и инспирациите на Аласи не лежат само во инсектите и таа дизајнира најразлични старомодни парчиња облека кои можат да бидат карактеристични за викторијанското доба. Независно од нејзината инспирација, со секое парче поединечно, Аласи пренесува чувство на бајковита магија која ги оживува фантазиите. Погледнете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар