Астрологијата открива: 5-те пораки кои ѕвездите ги имаат за секој хороскопски знак

Астрологијата открива: 5-те пораки кои ѕвездите ги имаат за секој хороскопски знак

Секој се соочува со различни проблеми и кризни периоди во својот живот и секој има свој начин на кој се обидува да пронајде соодветно решение. Но, понекогаш, врз основа на секој хороскопски профил, астрологијата може многу да помогне кога станува збор за давањето на вистинскиот совет во вистинското време. Во тој контекст, прочитајте кои практични совети за вашиот хороскопски знак можат да ви го подобрат квалитетот на животот и да ви овозможат да постоите во рамнотежа и хармонија со својата природа и карактер.

(0) astrologijata-otkriva-5-te-poraki-koi-dzvezdite-gi-imaat-za-sekoj-horoskopski-znak-kafepauza.mk

Овен

1. Секое утро одвојувајте по 20 минути за себе: За појадок, медитација, туширање или слушање музика.

2. Ако нешто навистина сакате, тогаш работете на негово остварување без оглед на тоа што ќе ви го кажат, бидејќи нема да се откажете додека успеете или паднете.

3. Одредете ги своите приоритети и поминувајте повеќе време со луѓето кои го заслужуваат тоа. Престанете да се трудите околу односот кој не води никаде.

4. Секојдневно шетајте, возете велосипед или слично – потребно ви е движење бидејќи во спротивно ќе бидете уморни.

5. Не срамете се од своите лудости, прифатете ги и ќе бидете помалку нервозни.

Бик

1. Бидете сигурни во себе и своите ставови, дури и ако сте разочарани. Сомневањето во себеси ве води до депресија.

2. Не пропуштајте ја шансата да си угодувате себеси, но поделете го времето и за уживање и за работа.

3. Вежбајте емпатија и почесто поставувајте се во туѓи чевли за подобро да ги разберете луѓето.

4. Научете дека претераната гордост може да ви биде непријател, посебно ако ве оддалечи од оние кои ги сакате.

5. Бидете добар пријател, тие односи се едни од највредните во вашиот живот.

Близнаци

1. Учете и читајте, тие ви го одржуваат мозокот и вашата желба за знаење. Немојте да станете мрзливи.

2. Држете се до своето хоби, дури и ако имате малку време, бидејќи без забава можете да станете депресивни.

3. Немојте да стапите во брак со некого, пред да живеете со него/неа барем една година.

4. Побарајте стабилен пријател кој ќе знае како да ве кочи со своите совети.

5. Не задоволувајте се со работи кои не ве интересираат. Дополнително образувајте се и обидете се да најдете нешто што ви се допаѓа.

Рак

1. Помалку критикувајте и помалку движете се во друштва кои оговараат, бидејќи вие лесно ги примате негативните емоции и размислувања.

2. Не пропуштајте ја шансата да се дружите со семејството и пријателите – енергијата ве храни.

3. Во работата одредете ги приоритетите и немојте да дозволите еден цел ден да работите, а другите да бидете мрзливи. Вам ви е потребна рутина.

4. Вежбајте ја довербата во другите, дајте им шанса да станат добри.

5. Гответе и уживајте во добрата храна, таа е вашата страст.

Лав

1. Немојте да се извинувате затоа што сакате да бидете во центарот на вниманието, љубовта или убавото однесување, најдете луѓе кои знаат да го пружат тоа.

2. Не прикривајте ги своите фрустрации, тие ќе излезат 10 пати полоши и посилни, а вие ќе ризикувате да изгледате незрело. Бидете директни и искрени.

3. Не земајте го последното место на работа, вие нема да бидете среќни ако за нешто не сте одговорни.

4. Ослободете ја својата страст и енергија – спортувајте, цртајте, танцувајте, пеете или слушајте музика.

5. Почесто дружете се со другите и обидете се да водите поактивен социјален живот.

Девица

1. Помогнете им на луѓето околу себе. Така ќе ја вежбате емпатијата и ќе се чувствувате подобро.

2. Прифатете се онакви какви што сте и немојте да се правдате пред другите, дружете се со оние кои ги делат вашите ставови за животот.

3. На работното место, не си земајте многу работи при срце, стекнете искуство и доколку не сте задоволни барајте нешто ново.

4. Не стравувајте од прекинот на лошите односи, посилни сте отколку што мислите.

5. Набавете домашно милениче, тие се за вас голема среќа.

Вага

1. Убаво уредете го домот, канцеларијата и автомобилот – околината има големо влијание на вашето расположение.

2. Научете како да кажете „не“ и да ги одбиете луѓето кои тоа го заслужуваат, а да не ви биде непријатно.

3. Не затворајте се во 4 ѕида, вам луѓето ви одговараат како што сонцето им одговара на растенијата.

4. Намалете ја посесивноста и љубомората, тие ве прават огорчени.

5. Правете го она што го сакате, така далеку ќе стигнете.

Скорпија

1. Бидете лојални кон себе и своите желби и не поведувајте се поради другите. Прилагодувањето кај вас може да биде прекинувач на бесот, односот или депресијата.

2. Отворете се кон другите и наместо само вие да слушате, делете ги своите мисли и со нив.

3. Верувајте во својата интуиција. Таа кај вас е обично многу точна, независно што ветувале околностите на почетокот.

4. Не плашете се од негативните емоции – и тие имаат своја цел.

5. Хранете се здраво и избегнувајте ги пороците. Тие ви се слаба точка.

Стрелец

1. Зборувајте отворено, искрено и слободно. Луѓето ве ценат поради тоа.

2. Верувајте во себе и секогаш испробувајте нови работи. Интересите ви се менуваат во зависност од животната фаза.

3. Редовно вежбајте или спортувајте, бидејќи движењето ви е многу потребно.

4. Не обрнувајте толку внимание на материјалното и немојте да ги натрупувате работите кои не ви се неопходни.

5. Не прифаќајте ништо помалку во љубовта – подобро бидете сами бидејќи за вас љубовта ќе дојде кога најмалку ќе ја очекувате.

Јарец

1. Во секоја работа или задача дајте сѐ од себе, резултатите ќе ве задоволат.

2. Градете го својот карактер и тестирајте го – одвикнете се од цигарите, нездравата храна и редовно вежбајте.

3. Не плашете се да бидете сами и практикувајте да поминувате квалитетно време со себе.

4. Вежбајте спонтаност без планирање, дозволете да се препуштите на она што го сака вашето срце.

5. Помагајте им на другите без размислување, тоа ве прави подобри луѓе и секогаш ќе ви се враќа со добро.

Водолија

1. Водете повеќе сметка за своите финансии, направете план до кој ќе се држите и погрижете се да имате износ за минимално штедење. Така ќе се научите на еден поодговорен пристап кон парите.

2. Не менувајте го толку често друштвото и ценете ги луѓето кои ве сакаат. Возбудата од новите односи често ви ја замаглува перспективата.

3. Потребна ви е физичка активност каде можете целосно да се предадете и добро да се изморите.

4. Не бегајте од проблемите – тоа е вашата најголема маана.

5. Чувајте се од пороците и луѓето кои ве поттикнуваат на нездрав живот.

Риби

1. Бидете отворени за нови искуства – од патувања до меѓучовечки односи и работни понуди.

2. Слушајте ги другите и дајте им ги своите совети, тие се драгоцени и поради тоа ќе бидете почитувани.

3. Не обидувајте се премногу да им угодите на другите, посебно на љубовниот партнер, бидејќи можете да го изгубите чувството за своето „јас“.

4. Вежбајте работливост и давајте си задачи кои морате да ги исполните.

5. Не бегајте од стресните ситуации, туку соочувајте се со проблемите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар