Уникатни венчаници за различни националности направени од хартија

Уникатни венчаници за различни националности направени од хартија

Во речиси сите култури низ светот невестинската облека, освен да ја разубави невестата, служи и да ја сокрие од младоженецот. Во некои земји не само телото, туку обичај е да се сокрива и лицето. Инспирирана од ваквите обичаи и нивното значење, руската артистка Асја Козина сакала да направи неколку сосема различни традиционални невестински носии и венчаници за различни националности од светот, целосно од хартија.

Традиционални венчаници за различни националности направени од хартија

Таа вели дека за време на изработката и фотографирањето, тешко било да се замислат стилизираните национални костими кои би ги изложиле интимните делови, бидејќи биле комбинирани само со невестинска долна облека. Но, финалниот резултат бил доста конвенционален и не бил воопшто вулгарен, ниту пак естетски непријатен. Напротив, сѐ изгледало многу елегантно и софистицирано.

„Најважната работа за мене е да не ги навредам чувствата на почитувачите на културата чии носии ги зедов како основа. Со ентузијазам ја прифатив оваа работа за брендот ‘Wild Orchid’ бидејќи долго време имав идеја да направам светски венчаници за кои народот создава приказни во кои, пак, се кријат вековните симболи. Костимите се уникатни не само во светот, туку и во секое индивидуално семејство“ , вели Асја.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар