15 знаци дека сте интроверт иако не се чувствувате така

15 знаци дека сте интроверт иако не се чувствувате така

Многумина веруваат дека интровертите се срамежливи и повлечени во својот внатрешен свет. Но, тоа не е сосема точно. Интровертните личности само црпат енергија од поминатото време со самите себеси или од нивното друштво кое се состои од тесен круг пријатели. Можеби не се сметате за интроверт затоа што не сте претерано срамежливи, но сепак може да имате некои карактеристики кои го одликуваат токму таквиот тип луѓе.

15 знаци дека сте интроверт иако не се чувствувате така

1. Не сакате гужви

Концерти, конференции, спортски арени и слично, дефинитивно не се вашиот прв избор за забава. Одбегнувате да поминувате премногу време на вакви места.

2. Не сакате да запознавате нови луѓе

Ова не значи дека имате проблем да стекнете пријатели. Но, секое запознавање на нов човек ви одзема премногу енергија и физички ве исцрпува.

3. Одлични сте на јавни настапи, но не и по нив

Вие знаете како да одржите влијателен говор и притоа да изгледате самоуверено. Но, не сте од оние кои активно учествуваат во сите игри и церемонии што следуваат потоа.

4. Вашите пријатели се екстроверти

Интровертите и екстровертите уживаат да поминуваат време заедно бидејќи постои рамнотежа помеѓу нивните карактери. Понекогаш на интровертите им е потребен некој да ги извлече од нивната удобна зона, додека, пак, на екстровертите одвреме-навреме потребно им е да поминат мирна вечер во домашна атмосфера.

5. Не сакате интервјуа

Самата помисла на тоа да бидете испрашувани за вашите цели, способности и амбиции ве прави нервозни. Но, откако интервјуто ќе започне, вие се опуштате и секогаш оставате одличен впечаток.

6. Вие сте верен пријател

Интровертите се многу лојални и искрени луѓе. Нивната енергија доаѓа од внатре, а не од другите луѓе и затоа им е полесно да бидат отворени со своите пријатели.

7. Понекогаш не ви се прави ништо

На интровертите им е многу важно да поминат време сами со своите мисли. Ако „правењето ништо“ ви помага да се релаксирате и да ги наполните батериите, големи се шансите дека сте интровертна личност.

8. Чекате пред да вратите на пораките

Не сте залепени за телефонот цело време и одговарате на пропуштени повици, пораки и имејлови кога ќе бидете подготвени.

9. Не им верувате лесно на луѓето

На интровертите им е многу тешко да најдат некој кој ќе ја почитува нивната природа и затоа им треба време да се отворат. Од друга страна, пак, тоа значи дека вашите пријатели се луѓе на кои навистина можете да се потпрете.

10. Пишувате

Вашата кариера е некако поврзана со пишување или пишувате за забава во вашето слободно време. На тој начин вие се поврзувате со вашиот внатрешен дух и се полните со енергија.

15 знаци дека сте интроверт иако не се чувствувате така

11. Учтиви сте

Интровертите често обрнуваат внимание на деталите во нивното опкружување. Тоа ве прави учтив гостин и домаќин кого луѓето обожуваат да го имаат во свое друштво.

12. Планирате однапред

Голема е веројатноста дека не се препуштате на спонтаноста, туку ги планирате нештата за сè да оди како што треба. Без разлика дали станува збор за некоја работна задача или ден поминат со вашите пријатели, добриот план е задолжителен.

13. Имате стара душа

Младите интроверти честопати се сметаат за личности кои се многу мудри за свои години. Тоа може да се смета како знак за зрелост и интелигенција, а кој од нас не би сакал да делува паметно?

14. Знаете што сакате

Токму поради тоа што знаете што сакате, вие имате многу предности: Не се плашите да пробате нови работи и секогаш сте решителни.

15. Урамнотежени сте

Вие одржувате совршен баланс помеѓу времето поминато сами и времето поминато со вашите пријатели. На тој начин вие ја одржувате својата енергија без да го жртвувате вашиот социјален живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар