Фотограф ја доловува магичната убавина на шумите

Италијанскиот фотограф Мануело Бечеко, во неговите пејсажи ја доловува тивката убавина на шумата. Инспириран од околината, Мануело ја користи природата како негово платно, дозволувајќи им на светлината и бојата на опкружувањето да управуваат со неговото дело. Резултатот се фотографии кои изгледаат малку мистериозно и кои ги привлекуваат гледачите во магичен свет што е овде на Земјата.

Мануело прави и патувачки и свадбени фотографии, а започнал со пејсажи фотографирајќи планини. Со текот на времето, неговиот стил еволуирал и тој нашол креативна можност во околините со дрва. Дрвата се вистинските главни ликови во неговите фотографии. Мануело користи разни агли за да ги истакне нивните лисја, текстурата на нивната кора и облините на нивното стебло.

„Сред дрвата, како сè да гледам на мој начин – џиновски дрва или гранки кои формираат бариери, ириси во окото. Ова се нешта што ги гледам само во мојот ум и понекогаш можам да ги претворам во фотографии.“

Фотографирана низ разни сезони и разни делови од денот, променливиот амбиент за шумата е одлично искористен од Мануело. Италијанскиот фотограф може да ја искористи светлината и расположението што го создава во своја предност и да го фотографира мистичниот момент сред тишината на дрвата.

Фотограф ја доловува магичната убавина на шумите

Фотограф ја доловува магичната убавина на шумите

Фотограф ја доловува магичната убавина на шумите

Фотограф ја доловува магичната убавина на шумите

Фотограф ја доловува магичната убавина на шумите

Продолжува на следната страница

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар