Дали и вие сте љубител на Ламборгини?

Дали и вие сте љубител на Ламборгини?

Ламборгини е италијански производител на возила, основан на 30 октомври 1963 година. Основачот Феруцо Ламборгини бил голем љубител на спортски автомобили и затоа многу често ги купувал најновите модели на Ферари и Масерати, но секогаш нешто му пречело и не ги задоволувало неговите критериуми. Затоа ја отворил компанијата со цел да создаде свој совршен, отмен, супер брз автомобил. Доколку би ги погледнале сите модели на Ламборгини, заклучокот дека ја остварил својата цел ќе биде неизбежен. Дали и вие сте љубител на Ламборгини?Еве неколку интересни факти, на кои најверојатно не сте наишле.

1. Најбрзиот модел на Ламборгини, со пријавена брзина од 370 км/ч, е Ле Манс верзијата на моделот Мурчелаго R-GT. Најбрзиот модел на Ламборгини направен за улично возење е Мурчелаго LP640 со пријавена брзина од 340 км/ч. Двата модела се со V12 мотор, со повеќе од 6000 кубика.

Дали и вие сте љубител на Ламборгини?2. Ламборгини на почетокот опстојувал како самостоен производител, но во 1978 компанијата банкротирала и била купена од Крајслер. Од 1998 година, па сѐ до денеска, Ламборгини е во сопственост на германската компанија Ауди.

3. Првиот модел на Ламборгини е направен во 1963 година и бил наречен 350 GTV и можел да развие брзина до 280 км/ч. Првиот модел кој можел да развие брзина над 300 км/ч бил конструиран во 1974 година и бил наречен Каунтач.

Дали и вие сте љубител на Ламборгини? Дали и вие сте љубител на Ламборгини?4. Моделите Каунтач, Диабло и Мурчелаго имаат крилни врати, (можат да се ротираат нагоре и странично) само Гаљардото нема. Диаблото и Каунтачот повеќе не се произведуваат, па така Мурчелагото е единствениот модел кој се произведува со препознатливите крилни врати.

Дали и вие сте љубител на Ламборгини?Дали и вие сте љубител на Ламборгини?Дали и вие сте љубител на Ламборгини?5. Не постои Ламборгини со мотор послаб од V8, а повеќето од нив се произведени со мотор V12.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Daniela Reply

    не знам дали знаете ама првично ламборгини произведувал трактори а потоа почнале со автомобили 😀

Напиши одговор на Daniela Откажи одговор