Блогерка чија коса е во прв план на нејзиниот Инстаграм профил
Иако таа првенствено е модна блогерка, освен со совршените модни комбинации, таа нè освои и со својата прекрасна коса.

Леони Хане, која стои зад профилот @ohhcouture е германска блогерка, стилист, модел и консултант за социјални мрежи, а досега има соработувано со бројни луксузни и високо-улични модни брендови.

Нејзиниот профил е полн со модна и бјути инспирација, како и со возбудливи сцени од патувања, но на секоја фотографија во прв план е нејзината коса.

Ова тренди русокоса се грижи нејзината фризура секогаш да изгледа беспрекорно, дури и кога нејзината коса е пуштена, а очигледно ги знае и сите најнови фризерски трендови.

Ова е дефинитивно еден од Инстраграм профилите кои мора да ги следите, за повеќе да немате „досадна коса“, а исто така од неа можете да украдете и многу идеи за одлични модни комбинации.

На следата страница погледнете уште неколку фотографии од нејзините возбудливи патувања и прекрасната коса.





























