Зошто треба да останете хидрирани преку целата година?

Автор: Сања Стојковска

На сите ни е добро познато дека треба да пиеме многу вода и дека тоа е добро за нашето здравје. Но, честопати не ни се јасни точните причини зошто треба да пиеме вода. И иако во основа знаеме зошто треба да пиеме вода, кај многумина тоа не е вообичаена пракса.Зошто треба да останете хидрирани преку целата година?Во суштина, нам ни е потребна вода за да ја одржува телесната температура и да овозможи хранливите материи да си го најдат својот пат до органите и ткивата. Исто така, го потпомага транспортот на кислородот до клетките, ги елиминира непотребните материи и ги чува сите органи и зглобови.

Конзумирањето на многу малку вода или губење на големи количества без да се направи нов внес, доведува до дехидрирање на организмот. Состојбите на блага дехидрација вклучуваат чувство на жед, непријатности во мускулите и зглобовите, болки во долниот дел од грбот, главоболка или запек.

Покрај овие причини постојат и некои други причини што пиењето вода го прават прекрасно за вашата добра здравствена состојба преку целата година.

Губење на тежината

Водата е една од најдобрите алатки за губење на тежината, првенствено затоа што може да замени многу високо-калорични пијалаци како газираните сокови, џус-соковите, алкохолот и слично.

Водата е исто така одличен потиснувач на гладот. Нашиот мозок функционира на тој начин што честопати не може да направи разлика, па така кога мислиме дека сме многу гладни, всушност мозокот нè пренасочува да мислиме дека едноставно сме само жедни, па пиеме вода. Водата нема калории, нема масти, нема шеќер и не содржи јаглехидрати, што ја прави идеален напиток. Всушност, водата не содржи ништо лошо.Зошто треба да останете хидрирани преку целата година?

Срцево здравје

Пиењето доволно количество вода може да ја намали опасноста од кардиоваскуларни болести.

Лек за главоболка

Дополнителен симптом на дехидрацијата е главоболката. Во секојдневието и во реалноста, честа причина за главоболката е неконзумирањето доволно вода. Постојат и многу други причини за главоболка, но непиењето вода е доста типичен пример.

Здрава кожа

Пиењето вода значително влијае на чистењето на кожата на телото, а во многу случаи е голем фактор и за инстантно добивање на убав сјај.Зошто треба да останете хидрирани преку целата година?

Зголемено ниво на енергија

Дехидрираноста тотално ја исцрпува нашата енергија, па може да направи да се чувствуваме уморно.

Решава дигестивни проблеми

Нашиот дигестивен систем бара пристојно количество вода за да може храната да се апсорбира соодветно.

Чисти од отрови

Водата е идеален партнер на човековото тело во процесот на отфрлање на сите отрови и непотребни материи од телото.

Ја подобрува функцијата на мозокот

Мозокот содржи отприлика 78% вода, и во него не може да се складира вода. Па затоа доста важно за здрав мозок е да конзумираме големо количество вода.Зошто треба да останете хидрирани преку целата година?

Го намалува ризикот за појава на рак

Пиењето доволно количество вода го намалува ризикот за рак на дебелото црево за неверојатни 45%, го намалува ризикот за појава на рак на мочниот меур за 50% и дејствува на намалување на заканата од рак на дојки.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар