Ориз подготвен на мексикански начин

Ориз подготвен на мексикански начин

Здрав и вкусен ориз кој се подготвува многу лесно

Ориз подготвен на мексикански начин

Потребни состојки:
  • 550 мл вода
  • 2 коцки за пилешка супа
  • 1 лажица путер
  • 1 лажица ким
  • 200 г кинески ориз (издолжено зрно)
  • 90 г салса сос
  • 3 млади кромитчиња, ситно исечкани
  • 1 авокадо, исечкано
Начин на подготовка:

Водата, коцките за супа, путерот и кимот ставете ги во тавче и оставете ги да почнат да вријат. Откако водата ќе почне да врие, ставете го оризот, намалете ја температурата и покријте го тавчето.

Гответе 20 минути додека оризот не ја апсорбира водата. Потоа, додадете ја салсата, убаво измешајте и тргнете го тавчето од оган. На крај додадете ги кромидот и авокадото, измешајте и сервирајте.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.