Зошто треба да ги одбегнувате момците кои си играат „топло-ладно“?

Доколку се гледате со дечко кој си игра „топло-ладно“, секогаш ќе бидете оставени на негова милост и немилост, додека не се свестите. Жените полудуваат и стануваат очајни кога мажите си играат криенка со нивните емоции. Ситуацијата е општо позната: Тој ве освојува и вие му се препуштате. Но, веднаш штом целосно ќе се препуштите, тој почнува да се оддалечува.

Зошто треба да ги одбегнувате момците кои си играат „топло-ладно“?

Очајно го барате мажот во него кој имал силни чувства кон вас. Сигурно сѐ уште се чувствува така, само што не е свесен. Па, почнувате да се опседнувате со помислата да го натерате да ве освојува исто како порано. Проблемот е во тоа што верувате дека треба да поправите нешто или дека сте згрешиле, па затоа тој одеднаш почнал да се однесува ладно кон вас.

Се прашувате како да го натерате дечкото да престане да си игра „топло-ладно“ со вас? Но, тоа не е прашање што треба да си го поставите себеси. Мора да разберете зошто е таков, па тогаш можеби ќе сфатите дека не е до вас и дека не е ваша работа да го менувате.

Постојат мажи кои по навика играат игри. Тие не се свесни дека со жените се однесуваат на пасивно-агресивен начин. Повеќето мажи кои се однесуваат топло-ладно не знаат дека го прават тоа.

Сигурно и претходно се однесувале така и имало и други жени кои се жалеле поради нивното однесување. Вие не сте првите, а сигурно нема да бидете ни последните. Но, ваквиот начин на однесување станал толку нераскинлив дел од нив што тие не мислат дека прават нешто погрешно. Како последица на тоа, тие не чувствуваат потреба да се променат.

Поголемиот дел од овие мажи не пораснале. Тие се неверојатно незрели. Се однесуваат како да се во средно училиште и предизвик им е да ве освојуваат додека не „паднете“ на нив. Веднаш штом ќе помислат дека ве освоиле, им станува здодевно и продолжуваат понатаму.

Не е важно колку сте неверојатни, прекрасни или паметни. Ним ќе им стане здодевно, бидејќи тие никогаш не се интересирале за вас, туку ги возбудувал самиот процес на бркање, освојување и растење на егото во моментот кога ја добиле „наградата“.

Зошто треба да ги одбегнувате момците кои си играат „топло-ладно“?

Некои мажи кои се однесуваат топло-ладно можеби не се подготвени за сериозна врска. Можеби навистина многу им се допаѓате, но не можат да одлучат дали вие сте вистинскиот избор.

Наместо да донесат одлука и да се држат до неа, полесно им е да ве завлекуваат додека не бидат сигурни (или најдат некоја „подобра“). Нивната променливост и неодлучност го поттикнуваат топло-ладниот начин на однесување.

Сепак, најлоши се мажите кои ве користат само за да си го напумпаат егото. Тие добиваат задоволство од вашето страдање поради нивното непостојано и некултурно однесување. Тоа ги прави да се чувствуваат моќно, бидејќи знаат дека можат да се однесуваат лошо со вас, па потоа да ви се јават и да ве добијат секогаш кога ќе посакаат.

Овие мажи се многу горделиви. Тие ја обожаваат играта на мачка и глушец. Тие обожаваат да гледаат како жените емоционално се распаѓаат поради нивните непромислени постапки.

Не е ваша работа да ги менувате овие мажи. Вашите обиди да го сторите тоа не само што ќе ја повредат вашата самодоверба, туку и ќе ви ја уништат вербата во вистинска љубов. Најпаметно е целосно да го отстраните овој дечко од вашиот живот.

Бидете внимателни! Одбивањето ги мотивира ваквите мажи. Можно е тој повторно да се заинтересира за вас. Можеби нема навистина да сака да биде со вас, но нема да може да го поднесе фактот што вие ги поставувате правилата.

На крајот, ќе мора да прифатите дека тој не е за вас. Тој е емоционално неспособен за длабока, интимна и стабилна врска каква што вам ви треба. Заминете си и свртете нов лист.

Девојки, време е да станете свесни дека неговата неодлучност е одлуката е одлуката која треба да ја чуете!


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар