Сакајте ја жената со слободен дух така што ќе ја прифатите во целост!

Сакајте ја жената со слободен дух така што ќе ја прифатите во целост!

Жената со слободен дух има неограничена енергија и одбива да биде врзана со светот. Таа сака да живее според своите правила и не обрнува внимание на туѓите зборови. Таа знае дека е преголема за овој живот, но и понатаму одлучува да учествува во играта. Таа ќе ве љуби онака како што таа сака, а вие ќе мора да вложувате многу труд за да ја одржите љубовта во живот. Станува збор за навистина неверојатна личност која заслужува посебен третман.

Сакајте ја жената со слободен дух така што ќе ја прифатите во целост!

Сакајте ја жената со слободен дух така што ќе ги почитувате нејзините потреби за простор. Таа ја цени својата слобода повеќе од сѐ друго на светов! Таа изгледа прекрасно како цвет, но не ѝ треба постојана нега. Таа може да ги поднесе сите потешкотии и не ѝ треба некој кој ќе се грижи за неа.

Ако сака да направи нешто самостојно, тогаш ќе мора да ѝ го дозволите тоа. Не се однесувајте со неа како да е дете. Мора да ѝ овозможите да биде автентичната верзија од себе, бидејќи сѐ друго би било штетно за обајцата.

Не смеете да бидете зависни од неа. Мора да ѝ го дадете потребниот простор и слобода за да може да ги рашири своите крилја. Ако го направите тоа, таа ќе ви возврати на истиот начин.

Сакајте ја жената со слободен дух така што ќе направите да се чувствува прифатено таква каква што е. Не ја осудувајте и не ја исмејувајте. Можете да ја критикувате кога ќе биде потребно, но погрижете се да го правите тоа со љубов, а не со прекор. Немојте да се чувствувате лошо поради тоа. Потрудете се да ве разбере зошто мора да ѝ укажете на некои работи одвреме-навреме. Но, на крајот ќе мора да ги прифатите оние делови од неа кои ниту еден од вас двајца не може да ги промени.

Сакајте ја жената со слободен дух така што ќе ја прифатите во целост!

Сакајте ја жената со слободен дух така што почесто ќе излегувате од вашата удобна зона. Запомнете дека нејзиниот слободен дух постојано ги поместува границите. Таа постојано проверува каква е водата. Секогаш сака да нурне во непознатото. Таа секогаш ѝ дозволува на нејзината љубопитност да ја води, дури и тогаш кога може да ја загрози својата удобност. Тоа го прави, бидејќи знае дека ваквите чекори се неопходни за личниот развој. Ако сакате да растете во врската со оваа жена, мора да бидете подготвени и на непријатни ситуации. Мора да бидете храбри и да се соочите со работите што нема да ви бидат најпријатни.

Сакајте ја жената со слободен дух така што ќе ја мотивирате тогаш кога најмногу ќе ѝ треба поттик. Само затоа што има слободен дух не значи дека не се уморува и обесхрабрува понекогаш. Таа е сепак само човек. Има денови кога нејзините очи не се полни со вообичаениот жар и ја нема вообичаената енергија во нејзиниот глас. Тогаш треба да ѝ помогнете да се врати на местото каде што треба да биде. Тие денови треба да ја турнете и да ѝ помогнете да ја извлече најдобрата верзија од себе.

Сакајте ја жената со слободен дух на спонтан начин. Таа ги мрази рутините. Ќе мора да се носите со тоа. Таа од вас очекува спонтаност и обожава изненадувања. Таа ја сака возбудата што доаѓа со неизвесноста.

Сакајте ја жената со слободен дух така што и вие ќе го ослободите вашиот дух. Таа нема да биде со некого кој е затворен. Нема да биде со опсесивен човек кој постојано сака сѐ да биде испланирано и организирано. Нема да биде со некого кој сака да живее според пишаните правила во книгите, наместо да го зграпчи денот. Таа сака да биде со луѓе кои имаат слободен дух. Соочете се со предизвикот!

Во продолжение, прочитајте што треба да знаете пред да започнете врска со слободоумна девојка.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар