Што значи кога момците ви велат дека сте премногу добри за нив?

Што значи кога момците ви велат дека сте премногу добри за нив?

Дали некогаш сте запознале толку прекрасен дечко што не сте можеле да го извадите од глава? Сте оделе на љубовни состаноци и сте ги поминувале деновите заедно. По некое време, решавате да разговарате за вас двајца и да дознаете каква е вашата иднина. Тогаш, дечкото ви одговорил со „Не сум сигурен, ти си премногу добра за мене, не те заслужувам.“

Што значи кога момците ви велат дека сте премногу добри за нив?

Мора да признаете дека ова не звучи воопшто романтично. Тоа е исто како да сте добиле шлаканица, бидејќи ако навистина сакате некого, ќе направите сѐ што е потребно за да го задржите. Многу мажи редовно ја користат оваа реплика и од некоја причина, девојките ја сфаќаат како нешто позитивно и како нешто непријатно истовремено.

Но, зошто мажите велат дека сте премногу добри за нив и дека не ве заслужуваат? Зошто тие не се доволно добри за вас? Зошто не направат нешто за да дојдат на ваше ниво? Кога некој би ви понудил нешто натпросечно, сигурно би го земале без никакво двоумење, па зошто не важи истото правило и во љубовта? Зошто се плашиме толку многу од врските? Зошто ни е страв да дадеме сѐ што имаме некому?

Мажите најчесто го користат овој изговор за да се извлечат на полесниот начин и да ги скријат сопствените недостатоци. Кога некој ќе ви каже дека не ве заслужува, тој сака да побегне. Вистината е дека сите се бориме за тоа што го сакаме.

Кога момците не сакаат да започнат врска, причината може да е поврзана со нивната несигурност, но може и да е поврзана со нивната потреба да си играат игри, а тоа е погрешно. Таквите мажи го одбираат полесниот пат и им набиваат грижа на совест на девојките поради тоа што се премногу добри. Никогаш немојте да се чувствувате виновни поради некој маж. Тој не е толку значаен дел од вашиот живот.

Ако некој ви каже дека не е доволно добар за вас, тогаш заминете си без размислување. Не мислете на тоа што би можело да се случи, бидејќи овој човек се обидува да направи да се чувствувате лошо поради вашата извонредност. Тоа е јасен знак дека заслужувате многу подобар партнер и дека не треба да си го трошите времето на луѓе кои не знаат да ве ценат.

Прочитајте и како да преболите некого со кого не сте ни започнале врска.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар