Шејк од банана и чоколадни колачиња

Фантастичен микс на вкусови кој ќе ве освои

Шејк од банана и чоколадни колачиња

Потребни состојки за 2 чаши:
  • 2 замрзнати банани (излупете ги, исечкајте ги и замрзнете ги)
  • 2 лажици путер од кикирики
  • 200 мл млеко
  • ½ лажиче екстракт од ванила
  • 40 г ситни чоколадни колачиња (chocolate chips)
Начин на подготовка:

Во блендер ставете ги бананите, путерот од кикирики, млекото и екстрактот од ванила. Убаво измешајте ги и на крајот додадете ги чоколадните колачиња. Мешајте на силна брзина додека колачињата убаво не се измелат и соединат со останатите состојки. Сипете го шејкот во стаклени чаши и уживајте.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар