Основни правила за носење машки обувки

Ако се прашувавте какви обувки во каква пригода и на кој начин се носат, во продолжение следуваат основните правила.

Елегантни чевли

Елегантните кожни чевли се неопходни за прилики во кои треба да покажете сериозност, како на пример бизнис состаноците, а задолжителни се и на свечени настани како коктели или свадби. Црните елегантни чевли можат да се носат со каков било костум. Ако, пак, сакате да ги носите со фармерки или каки панталони, тогаш најдобар избор се оние во кафеава боја.

Основни правила за носење машки обувки

Мокасини

Мокасините се единствената машка обувка која изгледа подеднакво добро и со костум и со кратки панталони. Особено добро изгледаат во комбинација со каки панталони и блејзер (или сако), или пак со кратки панталони и поло маица.

Основни правила за носење машки обувки

Апостолки

Кратко и јасно: апостолките се наменети за на плажа. Не се носат со ништо друго освен со шорцеви.

Основни правила за носење машки обувки

Спортски сандали

Тие имаат малку подебел ѓон затоа што се наменети за активности на отворено во летната сезона. Покрај со шорцеви, може да се комбинираат и со фармерки.

Основни правила за носење машки обувки

Елегантни сандали

Обично се изработени од кожа и во изгледот не се разликуваат премногу од спортските влечки. Нивниот дизајн им овозможува да се носат заедно со ленени костуми. Никако не се носат со чорапи!

Основни правила за носење машки обувки

Спортски чевли

Спортските чевли по дизајнот малку потсетуваат на оксфордки, но се разликуваат по спортскиот гумен ѓон. Се носат буквално со секаква секојдневна облека. Препорачливи се затоа што се носат во опуштена атмосфера, а делуваат поелегантно од обичните патики.

Основни правила за носење машки обувки

Бродски мокасини

Бродските чевли се варијанта на мокасините. Наменети се за топло време, така што може да се носат и без чорапи, во комбинација со шорцеви или ленени панталони.

Основни правила за носење машки обувки

Чизми до глужд

Тие се зимската верзија на елегантните чевли. Се комбинираат исто како нив.

Основни правила за носење машки обувки

Планинарски чевли

Самото име кажува дека служат за планинарење или за пешачење. Се подразбира дека се комбинираат со облеката наменета за тоа, но можат да се носат и со фармерки.

Основни правила за носење машки обувки

Каубојски и моторџиски чизми

Со моторџиските чизми се изразува сопствениот стил, така што делуваат убаво во моторџискиот кожен стил. Секако дека одговараат и на фармерки, исто како и каубојските чизми.

Основни правила за носење машки обувки

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар