Извлекувајте среќа од што е можно повеќе извори

Извлекувајте среќа од што е можно повеќе извори

Ние не сме целосно независни суштества. Додека тежнееме да бидеме што посреќни однатре, вистината е дека и покрај сè, ние сепак зависиме од надворешни фактори за искусување на одреден степен на удобност, уживање и задоволство од животот. Овие надворешни нешта можат да бидат нашите врски, нашата работа, нашето хоби или пак, личните интереси како книгите, филмовите или музиката. Клучот за балансирање на среќата помеѓу сите овие надворешни влијанија е во способноста да ја извлекувате од што е можно повеќе извори.

Извлекувајте среќа од што е можно повеќе извори

Колку повеќе нешта ве прават среќни, толку повеќе слобода и избор ќе имате во потрагата по среќата кога ви е навистина потребна. Доколку вашата среќа зависи само од едно нешто, тогаш мора да се држите до него колку што е можно повеќе за да бидете среќни. И понекогаш, кога тоа едноставно не е доволно, запаѓате во ситуација кога нема кон што да се свртите за да ја исполните вашата потреба за среќа. Токму поради ова, треба да извлекувате среќа од што е можно повеќе различни извори така што ќе прифатите сè што е добро во вашиот живот, а не само едно нешто.

„Уметноста да се биде среќен е во моќта за извлекување на среќата од секојдневни нешта“ – Хенри Ворд Бичер.

Среќата не значи добивка на лото, да станете славни или пак, да имате скапа кола. Среќата е да го искористите најдобро што можете од она што веќе ви е достапно. Обрнувајте повеќе внимание на едноставните задоволства во животот. Не мора да патувате многу далеку за да ја доживеете среќата, таа најчесто се наоѓа токму пред вашиот нос.

Исто така обидете се да го збогатите своето искуство. Не дозволувајте да западнете во „клетвата на познатото“. Честопати знаеме да заборавиме колку новите и позитивни искуства ни се достапни и нам. Одвреме-навреме обидете се да излезете од вашата секојдневна рутина и дозволете си да започнете со активности кои вообичаено не ги правите. На тој начин ќе имате побогат резервоар на среќа од кој ќе можете секојдневно да се снабдувате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар