Оксиморон… или само морон

Еден млад старец на коњ јаваше пешки.

Јас стварно не можам да се доведам себеси во состојба да разберам, зошто би си ја мавал главата од ѕид кога можеш да си ја чуваш на рамена неоштетена? Повторување грешки од минатото е дополнително комплицирање на животот. Зошто да биде едноставно кога може да биде комплицирано?Оксиморон... или само морон„Што има ново?“ – „Па еве денес го крстија кралското бебе. Кејт изгледаше одлично, впрочем како и секогаш.“ – „Не, мислев во твојот живот…“ Аааа тоа, во тој случај ич да не ти е гајле! Кога ќе ти пише бивш, има две возможни интерпретации: 1. Супер му оди во животот и сака да ти се пофали. 2. Супер ти оди во животот и сака да ти го поквари.

Јас сум личност која знае да повлече строги линии. Кога еднаш ќе те отпишам од листа на пријатели не очекувај да ти направам муабет на улица. Кога еднаш ќе официјализирам дека јас и ти сме минато, чао пријатно, имај убав живот во кој на никој начин нема да бидам инволвирана.

Ова, драги мои, ме има поштедено од многу сра*а. Секогаш кога сум помислила да го погазам овој принцип, здраво сум се зезнала. Постојат три кошници во вашиот живот, минато, сегашност и иднина. Не ги мешајте работите каде не им е местото, тоа секогаш завршува лошо, верувајте, не ви зборувам од памет, туку ова е поткрепено со емпириски докази!

Секој си носи свој товар во животот. Можеш да имаш прекрасна љубовна врска и одвреме-навреме да те пецне нешто од минатото. Некоја грешка, лош момент, или пак многу добар. Ќе одиш по улица пеејќи за убавиот и сончев ден и трас, минатото те мава по чело. Гадна ситуација. Или уште поголемо трас, минатото на твојот партнер/ка те мава по чело. Уште погадна ситуација. Размислувам за „багажот“ кој секој од нас го носи со себе. Камо да можевме да ги отвориме очите наутро без лоши искуства и грешки.

Работата е во тоа што сите ги имаме тие куфери. Сакале или не. Личноста со која сте во врска, мора да ја прифатите со тој товар, и најважно од сè да се прифатите себеси со својот багаж. Секој го има. Тоа е минато со кое треба да се помириш, речи беше – помина и батали го, остави го зад себе.

Бившите, според мене, се како евтини шарени мастики. На прв поглед изгледаат интересно, вкусно, ве копка она чувство „од кога не сум пробал/а“… ја ставаш мастиката во уста и сфаќаш дека е истата евтина глупост на која вкусот ѝ минува по нецела минута, и станува блуткава и тврда.

Сегашното минато ич не го бидува. Не е ни добар оксиморон. А ако мислите да го вклучите минатото во сегашноста, може да завршите пак со истиот морон.

Тоа е како да мешате вотка и јегер. Знаеш дека на крај пак ќе повраќаш ама интересно ти е да одиш со главата право во цименто.

Ели


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар