Одлични празнични комбинации со топли бои

Празници се ближат! Возбудата првично ја чувствувате отворајќи го вашиот плакар. Оваа сезона, во текот на новогодишните и божиќните празници, полн погодок е комбинацијата на темноцрвена и песочно-кафеава боја. Интензивната темноцрвена нијанса му дава топлина на вашиот изглед, додека пак софистицираната кафеава придонесува за вистински шмек на целокупниот впечаток.

Ова се неколку комбинации кои може да ги направите во текот на празниците:

Секојдневен изглед

Одлични празнични комбинации со топли бои
Кога одите на пазарење или во посета на роднини, одберете „покежуал“ варијанта. Удобен џемпер, фармерки, марама која ќе ја разбие монотонијата, ниски и удобни чизми и торба во интензивна црвена боја за впечатлив изглед. Не претерувајте со аксесоари, парче накит е сè што ви е потребно.

Женствено и софистицирано

Одлични празнични комбинации со топли бои
Ваквата комбинација дефинитивно покажува дека зимата не е монотона и здодевна. Ниските температури не треба да ве спречат да изгледате женствено и софистицирано. Капут со песочно-кафеава боја е добра инвестиција, бидејќи оди во повеќе комбинации и тешко дека ќе излезе од мода за брзо време. Комбинирајте го со женствено пласирано здолниште, бел и удобен џемпер, ниски обувки и дизајнирани хулахопки.

Празнично патување

Одлични празнични комбинации со топли бои
Доколку треба да патувате паметно е да одберете удобна облека. Во ваква комбинација може да влезат едноставни песочно-кафеави панталони или фармерки, џемпер со црвени елементи, удобни обувки и парче накит.

Посебни прилики

Одлични празнични комбинации со топли бои
Секако, празничната сезона вклучува многу прослави и забави. Доколку изберете поформална варијанта бидете софистицирани. Едноставен, еднобоен фустан во впечатлива црвена боја привлекува внимание и ги нагласува вашите облини без да изгледа дека премногу сте се труделе околу својот изглед. Во комбинација со фустанот одберете едноставни кремасти потпетици, косата врзете ја во ниска пунџа која секогаш придонесува за женственост, а што се однесува на накитот, одберете нешто повпечатливо.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар