Невообичаени методи на релаксација

Невообичаени методи на релаксација

Дали секојдневно чувствувате анксиозност, стрес, преголем притисок? Наместо да чекате овие состојби да поминат сами од себе, пробајте ги следниве едноставни техники кои ќе ви помогнат да се ослободите од напнатоста.

Медитирајте

Медитацијата е позната ширум светот како ефикасен начин за релаксирање, намалување на стресот и враќање на внатрешниот мир. Како постапка, медитацијата е лесна за учење и може да се применува секаде: додека шетате, чекате ред во банка, па дури и додека сте на состанок. За време на медтирањето вашето внимание се фокусира, а вашиот ум се прочистува од измешаните мисли кои се причина за анксиозноста.Невообичаени методи на релаксација

Поиграјте си како мало дете

Отидете во парк и не плашете се да се извалкате. Лулајте се на лулашки или поиграјте си во песокот. Тоа што ќе се навратите во вашето детство, ќе ви помогне полесно да го надминете притисокот кој го чувствувате. Доколку сте во можност, со себе поведете мало дете. Тоа ќе ви помогне полесно да се внесете во играта.

Практикувајте јога

Јогата се појавила во Индија пред околу 5.000 години. Денес јога практикуваат многу луѓе ширум светот. Придобивките од јога вклучуваат зголемување на флексибилноста и силата и намалување на стресот, што можете веднаш да го почувствувате. Мислењето дека вежбањето гимнастика е главен предуслов за да започнете со јога, не е точно. Вистината е дека никогаш не сте премногу стари или нееластични за да започнете со вежбање јога.

Прошетајте се


„Сите навистина големи мисли се зачнати со пешачење“, рекол германскиот филозоф Фридрих Ниче.

Прошетката не е добра само за добивање инспирација, туку и за намалување на стресот. Пешачењето е еден од најлесните и најевтини начини за вежбање.

Уживајте во топла бања

Запалете неколку свеќи, пуштете амбиентална музика и тотално опуштете се. Топлата вода е природен лек. Уживањето во топла бања ќе ви го намали крвниот притисок и ќе ви ја смири болката во мускулите. Ќе се чувствувате одлично после ваквата бања.Невообичаени методи на релаксација

Создавајте уметност

Добар начин за намалување на стресот е создавањето уметност. Нацртајте слика, направете колаж или моделирајте глина. Како материјал може да користите сè што ќе најдете. Делото што ќе го создадете не мора да биде квалитетно. Исклучете го вашиот внатрешен критичар и дозволете ѝ на креативноста да си го направи своето.

Вежбајте Таи Чи

Појавувајќи се во античка Кина, техниката Таи Чи прво се користела за самоодбрана. Но со текот на годините еволуирала и денес е техника за намалување на стресот и подобрување на здравјето. Оваа кинеска вештина понекогаш се нарекува и „медитација во движење“ затоа што овозможува смиреност, ги подобрува флексибилноста и силата и го намалува стресот преку постојани движења кои ги поврзуваат телото и умот. Вежбајќи Таи Чи, телото е во постојано движење, бидејќи позите се менуваат без пауза.Невообичаени методи на релаксација

Поврзете се со природата

Кампувајте во шума гледајќи го ноќното небо или занимавајте се со градинарство. Поврзувањето со природата ќе ги смири вашите нерви, ќе го намали стресот и ќе ви помогне да си ја вратите концентрацијата.

Читајте со задоволство

Кога последен пат сте прочитале нешто што не е поврзано со вашата работа? Без разлика каков жанр ве привлекува, читањето интересна книга ќе ви помогне да ги намалите притисокот и стресот.Невообичаени методи на релаксација

Танцувајте

Танцувањето му претходи на јазикот како начин на комуникација. Тоа е исто така, сигурен начин да го намалите стресот и да ја поттикнете радоста. Без разлика дали танцувате во пар или сами, музиката има моќ да ви помогне да ја  победите напнатоста и да ја пронајдете вашата внатрешна радост.

Поминувајте повеќе време со пријателите

Дружењето со пријателите ќе ви помогне да го намалите стресот. Едно истражување на Американската асоцијација на психолози, спроведено во ноември 2011 година, покажало дека луѓето кои постојано се изложени на стресни ситуации, произведуваат помали количества на кортизол (хормон на стресот) кога се во друштво на пријателите.Невообичаени методи на релаксација

Поттикнете ја работата на срцето

Зголемената работа на срцето и мускулите го намалува стресот, па затоа кардио–вежбите се секогаш одличен избор. На овој начин, не само што ќе бидете во добра форма, туку и ќе го зголемите нивото на ендорфин, ќе го подобрите расположението и полесно ќе заспиете. Сите овие придобивки заедно ги намалуваат стресот, анксиозноста и полесната депресија. Ако салата за вежбање не ви изгледа привлечна, обидете се со трчање, пливање, тенис или некоја друга интересна спортска активност.

Водете љубов

Познато е дека од сексот имаме повеќе здравствени придобивки. Една од нив е намалувањето на стресот. Сексот го намалува крвниот притисок, ја подобрува работата на срцето и го зајакнува имунолошкиот систем. Исто така, ја зголемува интимноста, ја подобрува самодовербата и ја намалува болката преку зголемување на нивото на ендорфин.

Смејте се

Сите сме слушнале дека смеењето е најдобриот лек за сè. Смеата всушност, предизвикува физички промени во телото и така го подобрува здравјето. Смеењето е одличен начин да се опуштите. Сè додека се смеете, невозможно е да го чувствувате стресот.

Прошетајте покрај вода

Постои нешто во врска со мирното бранување и жабуркање на водата, што ни ја смирува душата на еден природен начин. Едрењето може да ви помогне да се опуштите, но доколку немате пристап до едрилица, кајак, или кану, доволно е да се прошетате покрај најблиската река или езеро, па дури и фонтана, и да се релаксирате гледајќи како тече водата.Невообичаени методи на релаксација

Инспирирајте се

Луѓето се среќни кога се инспирирани и имаат наплив на креативност. Творејќи, тие целосно се предаваат на тоа што го работат. Инспирацијата доаѓа заедно со некое хоби или креативен проект за кој е потребно вашето целосно внимание. Тоа ќе ви помогне да се фокусирате на она што го правите и притоа да направите пауза од секојдневниот стрес.

Размислувајте поинаку

Не можете да го контролирате тоа што ви се случува, но можете да ја контролирате вашата реакција. Пробајте да размислувате и да делувате поинаку. Бидете оптимисти, предизвиците сфаќајте ги како шанси и така ќе успеете полесно да се справите со стресот.

Пишувајте

Експресивното пишување може да биде многу благотворно. Водете дневник каде што ќе ги запишувате вашите мисли и чувства. Како алтернатива, направете список на позитивните и негативните работи во вашиот живот, кој подоцна ќе можете да го дополнувате. Или спротивно на тоа, запишете ги само вашите проблеми и грижи, и потоа изгорете го списокот.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

  1. Aleksandra Reply

    Ne mozam da razberam zosto naslovot na statijava e ‘nevoobicaeni” Ova se sosema voobicaeni tehniki na relaksacija 🙂

  2. Смајли Reply

    Добра статија. Но што е тука невообичаено?

  3. biljana stavrevska Reply

    nevoobicaeno e toa sto se e poznato a mnogu malku se primenuva hahah

Остави коментар