Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модата

Во светот на модата постојано се појавуваат нови дизајнерски имиња. Почнувајќи од 1923 година па сè до денес, ова се дваесетте највлијателни дизајнери во историјата на модата.

Џорџо Армани

Поранешниот аранжер на излози, Армани, ја започнал својата кариера во 1975 година, во истоимената компанија. Славата ја стекнал за кратко време, кога започнал да дизајнира костими за Ричард Гир. Армани соработувал со многу познати ѕвезди, меѓу кои и со Лејди Гага за која ги дизајнираше костимите кои таа ги носеше на нејзината последна турнеја. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модата

Пјер Карден

Французинот роден во Италија, Пјер Карден, има футуристички пристап кон модата. Неговите парчиња облека создадени во 20-от век, беа оценети како облека креирана во 25-от век. Познат е по авангардните балон–фустани кои и денес се популарни. Освен облека, Карден дизајнирал и автомобили и чадори. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модата

Коко Шанел

На почетокот на 20-от век, Коко Шанел воведе револуција во женската мода, создавајќи поудобна облека со што ги ослободи жените од корсетите. Кариерата ја започнала со отворањето на првата продавница за шапки во 1910 година, со финансиска помош од нејзиниот љубовник. Во 1923 година го лансираше парфемот „Шанел број 5“. Со почетокот на Втората светска војна, Шанел ја затвори продавницата за шапки и повторно ја отвори дури во 1954 година, кога ѕвонарките станаа популарни. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модата

Кристијан Диор

Првата модна линија на Диор беше одржана во неговиот дом во 1947 година и подразбираше строги креации кои ја потенцираа половината. Но разбирајќи ги потребите на жените, Диор продолжи да креира облека која ги открива колената и не ја стега половината. Смртта на Диор во 1957 година значеше и пропаст на целата компанија. За среќа, тогаш 21-годишниот Ив Сен Лорен, кој беше непознат за јавноста, беше унапреден и ја продолжи славата на модната куќа Диор. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модата

Долче и Габана

Италијанските дизајнери Доменико Долче (роден во Сицилија во 1958 година) и Стефано Габана (роден во Милано во 1962 година), својот прв успех го доживеале во 1985 година, за време на модната недела во Милано. Истовремено, дуото започна романтична врска која траеше 19 години. Иако нивната романса заврши, Долче и Габана продолжија да работат заедно дизајнирајќи парфеми и модни додатоци. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модата

Том Форд

Во 1990 година, кога модната куќа Гучи беше пред банкрот, едно ново и непознато лице беше назначено за креативен директор на оваа модна куќа. Тоа беше Том Форд, кој подоцна стана познат по провокативните и сексуално експлицитните рекламни кампањи за зајакнување на брендот. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модата

Хуберт де Живанши

Живанши отворил сопствена модна куќа во текот на 1950-те години, откако се преселил во Париз, каде што го донел своето аристократско наследство. Тој е можеби најпознат по дизајнирањето облека за Одри Хепберн, и приватно и професионално, во филмовите „Појадок кај Тифани“ и „Шарада“. Одри Хепберн, меѓу другото, беше и заштитно лице за неговиот парфем L’interdit. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модата

Џон Галијано

Првиот обид за лансирање на сопствена модна линија Галијано го направи веднаш по дипломирањето на Колеџот за уметност и дизајн во Лондон, но финансиските проблеми беа пречка за развој на неговиот талент. Во 1995 година, тој почна со дизајнирање за Живанши, со што стана првиот британски дизајнер на чело на француската мода куќа, а веќе во 1996 година стана уметнички директор на Диор. Пред една година, Галијано беше разрешен од Диор заради антисемитски забелешки. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модата

Жан Пол Готје

И покрај несогласувањата со француската модна куќа Хермес во периодот од 2004 до 2010 година, самоукиот француски дизајнер, Жан Пол Готје, ќе остане запаметен по конусниот градник кој го дизајнираше за Мадона во почетокот на 90-те години. Креациите на Готје се специфични заради спојот на два спротивни елементи, кожа и метал. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модата

Марк Џејкобс

Марк Џејкобс станал препознатлив по својот бунтовен талент, благодарение на отказот што го добил во еден бутик затоа што изработувал облека од премногу скапи материјали. Во 1997 година, Џејкобс станал уметнички директор на Луј Витон, каде што од 1984 година почнува да работи заедно со неговиот колега Роберт Дафи. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модата

Келвин Клајн

Кариерата на Келвин Клајн започнала во 1968 година, неговиот стил од 90-те години со минималистички и чисти линии и денес е препознатлив ширум светот. Клајн докажа дека ваквите чисти линии, карактеристични за машката облека, може да ги носат и жените. Неговата компанија „Вечност, опсесија, бегство“ е синоним за облека и парфеми. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модата

Рене Лакост

Францускиот тенисер Лакост, познат по тоа што вовел тениска униформа со поинаков изглед од стандардната, е основач на истоимената компанија за спортска облека. Во 1920 година го добил прекарот „Крокодил“, со што крокодилот за кратко време станал заштитно лого на брендот Лакост. За најголем изум на Лакост се смета поло маицата. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модата

Карл Лагерфилд

На 17-годишна возраст Карл Лагерфилд бил второпласиран на еден избор за фустани, веднаш зад победникот Ив Сен Лорен. Веднаш потоа, Лагерфилд почнал да дизајнира за најпознатите модни куќи. Во 1983 година ја доби најголемата задача за него: враќање на модната куќа Шанел за одбележување на 12 години од смртта на Коко Шанел. Денес Лагерфилд дизајнира истовремено и за сопствената модна куќа и за Фенди. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модата

Ралф Лорен

Американскиот бренд Ралф Лорен за многумина претставува бренд кој повеќе од 40 години му пркоси на времето. Роден како Ралф Лифшиц во еврејско семејство во Бронкс, тој го менува своето име во Ралф Лорен во текот на 50-те години. Кариерата на Лорен започнала во 1967 година, прво со дизајнирање на машка, а подоцна и на женска облека. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модата

Ив Сен Лорен

Во 1966 година, Ив Сен Лорен ја шокирал јавноста со неговиот смокинг наменет за жени. Со тоа, овој дизајнер им го отвори патот на жените за носење машки костими и за покажување моќ и авторитет. Популарните сафари јакни и чизми на високи потпетици, исто така се креација на Ив Сен Лорен. Тој е првиот дизајнер кој вовел етнички модели на модната писта и првиот кој создал колекција „подготвена за носење“. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модата

Валентино

За едно интервју во 2008 година, на прашањето „Што сакаат жените?“, Валентино одговорил: „Знам што сакаат жените. Тие сакаат да бидат убави.“ Ова е мотото со кое тој постигна огромен успех, дизајнирајќи ја венчаницата на Жаклина Кенеди и освојувајќи ја наградата Нејман Маркус (моден Оскар). Креациите на Валентино изобилуваат со драматичност, детали и луксуз. Валентино се повлече од светот на модата во 2007 година. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модата

Џани Версаче

Џани Версаче беше моден могул цели 20 години, сè додека не беше убиен пред неговиот дом во Мајами во 1997 година. Со отворањето на неговата прва продавница во 1978 година, Версаче станал синоним за гламур и иновативност. Тој дизајнирал за Мадона, Елтон Џон и за принцезата Дајана. По неговата смрт, раководството на модната куќа го презеде неговата сестра, Донатела Версаче. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модата

Луј Витон

Идејата за дизајнирање чанти Витон ја добил уште кога почнал да работи како носач на багаж. Неговата прва линија чанти била лансирана во 1854 година. Благодарение на Луј Витон, денес имаме правоаголни куфери идеални за долги патувања. Заради многуте копии на неговите производи, Луј Витон го создаде своето лого (иницијалите LV вметнати на костенлива површина), кое се наоѓа на секоја негова чанта. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модата

Вера Ванг

Кога Вера Ванг ја планирала сопствената венчавка во 1989 година, таа била разочарана од слабиот избор на наметки, па така сама ја дизајнирала својата венчаница. За кратко време поранешната натпреварувачка во уметничко лизгање станала најпознатиот бренд за венчаници. Денес Вера Ванг не дизајнира само невестински фустани, туку и накит, долна облека и парфеми. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модата

Вивиен Вествуд

Големата дама на британската мода, Вивиен Вествуд, отсекогаш имала талент за провокација. Во 70-тите години, Вествуд создала нов бран и панк мејнстрим, кога почнала со продажба на ексцентричната колекција на масивни чевли на платформа и маици со слоганот „Лондон – епицентар на луксузот“. Вествуд ќе остане запаметена по нејзиното модно деби, кога претстави линија корсети со нејзин потпис, инспирирани од силуетите на куртизаните од 18-от век. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модата


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Извор:

За авторот

Поврзани содржини

  1. hurrem Reply

    Lui Viton
    Неговата прва линија чанти била лансирана во 1854 година??

    da ne ste greska u godinata slucajno??

Остави коментар