10 модни совети од Коко Шанел

„Модата избледува, само стилот останува ист.“

Ова се зборови на легендарната дизајнерка Коко Шанел. Таа почина во 1971, но правилата кои ги воведе во модата и во животот воопшто, се безвремени. Таа веруваше дека убавината е во едноставноста. Тоа значи дека маиците, фармерките и хеланките кои обожаваме да ги носиме денес не може да се споредуваат со беспрекорната елеганција на стилот на Шанел кој никогаш нема да избледи.

10 модни совети од Коко Шанел

Еве 10 модни совети кои Коко Шанел им ги даваше на жените во текот на својот живот:

„Луксузното мора да е удобно, инаку не е луксузно.“

И дневната и вечерната облека од Шанел беше направена да биде удобна за да не ги попречува движењата. Ниски потпетици, блузи без ракави под јакните, чанти со долги рачки – сите овие беа создадени за да им овозможат на жените комфор во својата облека. Комфорот на нејзините клиентки и бил најважен.

„Пантолоните ги ослободуваат жените.“

Коко Шанел беше првата која дизајнираше и носеше панталони во време кога жените преферираа да се мачат во корсети и долги здолништа. Нејзината храброст во прво време беше критикувана, но за кратко, една по една, жените почнаа да облекуваат пантолони на себе. Иако од денешна перспектива изгледа чудно, но Коко Шанел е онаа на која и ја должиме комоцијата при седењето и лесното движење.

10 модни совети од Коко Шанел

„Совршеното здолниште треба да ги покрива колената.“

Коко Шанел ги сметаше колената на жените за грди, па затоа и одлучи да ги сокрива со облеката што ја дизајнираше. Таа направи неколку основни модели на здолништа за деловните жени кои претежно беа прави, тесни и многу елегантни.

„Обожавајте ги кратките црни фустани.“

Таа ги претстави кратките црни фустани во 1926. Сакаше да креира фустан кој ќе биде идеален и за преку ден и за навечер, ќе биде секси и прилагодлив и ќе изгледа различно со разни додатоци. Ако пред Шанел, црната беше бојата на тагувањето, по неа стана боја на класичното и стилското. Таа им понуди на дамите модел на елеганција кој тие со благодарност го прифатија.

„Совршениот костим треба да биде комбинација од женствени и мажествени елементи.“

Во раните ’20, многу популарен стана изгледот на машкуданка со кратка фризура, машка силуета и сјај во очите. Коко Шанел ја земаше облеката од нејзините момчиња и лесно ја адаптираше на нејзината фигура. Таа експериментираше со сè, од џемпери до волнени капути. Таа исто така имаше слабост на пругасти елечиња во морнарски стил кои ги комбинираше со многу бисери.

10 модни совети од Коко Шанел

„Јакните треба да се меки.“

Во 1925 Коко ја дизајнираше првата мека јакна која целосно се припиваше на фигурата на жената, додека истовремено не ги попречуваше движењата. Ова беше сосема нов пристап во правењето јакни бидејќи дотогаш тие беа крути и неудобни. Коко им ја понуди на жените деликатна свила, високо поставените отвори за рацете и тесните ракави. Ова ја правеше фигурата извонредна.

„Колку повеќе додатоци, толку подобро.“

Коко Шанел обожаваше додатоци. И носеше многу. Таа можеше да искомбинира бижутерија со скап накит. Никој не можеше да ја види Коко без низа бисери, рубини или смарагди и полускапоцени камења  и брошови, беретки или капи кои сакаше да ги носи многу блиску до нејзините веѓи.

„Стилските чевли може да се во две бои.“

Шанел ја обожаваше црно-белата комбинација, па нејзините познати црно-бели сандали не беа изненадување. Таа веруваше дека ваквите чевли ги прават жените посекси, а нивните стапала помали.

„Чантата со рачка која се префрла преку рамото е најдобра бидејќи ги остава рацете слободни.“

Црното полно чантиче со рачка од синџирче кое беше креирано од Шанел за да го надополни нејзиниот изглед на деловна жена, сега се смета за едно од најкласичните и најмодерни модели на чанти.

10 модни совети од Коко Шанел

„Парфемот е исто толку важен колку и облеката.“

Жена која не носи парфем нема иднина, вели Шанел. Исто така, според неа, жената мора да носи парфем секогаш кога сака да биде бакната. Во 1922 Шанел извади парфем кој полуди милиони мажи и жени. Коко остана верна на своите принципи и за мирисот употреби квадратно „машко“ шишенце.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. bube Reply

    znae li nekoj kako se vika parfemot od koko shanel?!!

  2. OSteoporosis Reply

    Parfemot Bube, se vika Chanel No.5. Normalno ima i podocnezni serii, no ovoj e seuste vo prodazba :)

Остави коментар