Костими за капење кои се во мода ова лето

Како што се приближува „шпиц-сезоната“ на летните одмори, така сè повеќе зачестуваат масовни подготовки за она што треба да го покажеме додека сме таму. Досега работевте на своето тело, но костимот за капење ви е од пред две сезони. Без паника! Излезете в град и барајте костим за капење кој е хит за оваа сезона, додека истовремено одговара на вашиот стил и градба на телото. Изборот на стилови е голем.

Без прерамки, без врвки: Ова бикини е одлична алтернатива на обичните костими за капење, чиј горен дел се состои од триаголници. Ги има во разни нови стилови, со возбудливи бои и интересни принтови. Не носете ги доколку имате големи гради.Костими за капење кои се во мода ова летоКостими за капење кои се во мода ова летоКостими за капење кои се во мода ова летоНа една прерамка: Овој тренд се пренесе од фустаните. Костимите за капење од овој тип го имаат истото чувство на сексуалност и заводливост. Овој костим за капење може да биде ваш избор доколку сакате да позирате додека сте на плажа, но не е многу згоден за пливање. Изберете едноделен или дводелен модел. Видете кој подобро ќе ви стои.Костими за капење кои се во мода ова летоКостими за капење кои се во мода ова летоРомантични набори: Наборите се тотално „ин“ оваа сезона пролет-лето. Ситно набиени или крупни, наборите изгледаат одлично покрај вратот, на средината на едноделни костими за капење, на дното на горниот дел од танкини или во неколку слоеви на долниот дел.Костими за капење кои се во мода ова летоКостими за капење кои се во мода ова летоКостими за капење кои се во мода ова летоКласични модели: Модата се менува секоја сезона, но класичните модели секогаш ќе бидат популарни бидејќи се доволно секси без да откриваат премногу. Овие модели се одличен избор за оние девојки и жени кои се срамат да ги покажат своите тела, но сакаат да делуваат искушувачки. Придушени бои, симпатични принтови, ниски струкови, набори – сè ова е во мода во летната сезона 2011.Костими за капење кои се во мода ова летоКостими за капење кои се во мода ова летоНежни бои: И покрај тоа што сезонава се носат многу костими за капење со живи бои, оние со нежни нијанси сепак преовладуваат. Оваа сезона, тренди се костимите за капење во светло-сина и светло-зелена боја, деликатно-розова и виолетова, бела и беж. Овие модели имаат предност – вниманието на „публиката“ е насочено кон телото, а не кон самите нив.Костими за капење кои се во мода ова летоКостими за капење кои се во мода ова летоМали принтови: Ова лето 2011 е во знакот на воздржаноста кога станува збор за модата. Јаките принтови не се најдобар избор. Се препорачуваат помали принтови со геометриски форми, цветни дезени, сложени шаблони и сè друго што би ви се допаднало.

Уште еден моден тренд кој можете да го искористите оваа сезона е еден голем принт на едната страна од костимот за капење. Но, бидете внимателни со ваквиот костим за капење. Вниманието паѓа неизбежно на градите. Ако ова не е ефектот кој сакате да го постигнете, побарајте модел со принт во долниот дел кој ќе го фокусира вниманието на струкот.Костими за капење кои се во мода ова летоКостими за капење кои се во мода ова летоКостими за капење кои се во мода ова летоМетални и светкави додатоци: Листата на костими за капење за оваа сезона не би била комплетна без моделите со метални додатоци и светкави елементи, кои сега ги има на нив повеќе од кога било. Изберете модел со прстен помеѓу триаголниците на горниот дел или искористете ги трендовите во модата во целост и изберете костим за капење чиј цел горен дел е украсен со светкави парченца, синџирчиња или метални парчиња во разни други форми.Костими за капење кои се во мода ова летоКостими за капење кои се во мода ова летоКостими за капење кои се во мода ова летоКостими за капење кои се во мода ова летоПлетени: Овие костими за капење се повторно во мода и многу се носат. Можете да изберете светли бои за да го насочите целото внимание на присутните на плажата кон вас или пак некоја „поскромна“ варијанта.Костими за капење кои се во мода ова летоКостими за капење кои се во мода ова летоБикини со танга: Овие модели се направи од најмалку материјал, па само најхрабрите девојки се одлучуваат да ги облечат. Изгледаат секси и, секако, го привлекуваат вниманието на оние одоколу. Ако сте подготвени да се покажете храбро, ваквиот модел ве чека некаде во продавниците.Костими за капење кои се во мода ова летоКостими за капење кои се во мода ова летоКои модели најмногу ви се допаѓаат? Дали веќе го набавивте вашиот костим за капење за оваа сезона?

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. I Reply

    moze li da mi kazete prviot model na kostim za kapenje od koja marka e?

Остави коментар