Како да го спречите дебелеењето за време на менопаузата?

Менопаузата е природен биолошки процес кој започнува кај жените постари од 40 години и го означува крајот на менструалниот циклус. Некои жени влегуваат во менопауза на 45 години, а некои дури после 50-тата година од животот. Секој случај е индивидуален и зависи од многу фактори.

Како да го спречите дебелеењето за време на менопаузата?

Зошто жените се дебелеат за време на менопаузата?

Главен показател за почеток на менопаузата е недостатокот од регуларни менструални циклуси во текот на годината. На ова ѝ претходи перименопаузата, период во кој се јавуваат симптоми како сувост на вагината, проблеми со спиењето, сува кожа, истенчување на косата и емоционални испади.

Друг симптом кај менопаузата е зголемувањето на телесната тежина. Причината за ова е забавениот метаболизам, намалената мускулна маса, како и хормоналните промени поврзани со старост. Како резултат, одредени протеини и ензими кои им овозможуваат на клетките да акумулираат повеќе масти, стануваат поактивни.

Овој симптом најмногу се забележува кај жени кои претходно немале проблеми со тежината. Наталожените масти најчесто се наоѓаат на стомакот и грбот. Овие промени можат да ве фрустрираат, да ви ја намалат самодовербата и да ви го влошат расположението.

Дали можете да промените нешто?

За да не качите некој килограм во текот на менопаузата, потребно е да направите промени во животниот стил, особено во исхраната и физичката активност. Биејќи менопаузата е биолошки процес, развивањето на неговиот механизам ќе ви помогне да најдете начин да ја зачувате тежината што ја сакате.

Најпрво е важно да најдете физичка активност, откако ќе се консултирате со лекар. Тоа може да биде аеробик, пливање, јога, танцување, возење велосипед или што било што ви е забавно. Дури и редовното пешачење и играње надвор со внуците може да има позитивен ефект. Покрај борбата против дебелеењето, вежбањето го спречува и развојот на кардиоваскуларни болести и остеопороза, го подобрува расположението и работата на цревата.

Друг важен фактор е исхраната. Постојат неколку правила што ќе ви помогнат во ова:

  • Намалете го консумирањето шеќер
  • Јадете житарици од цело зрно
  • Јадете повеќе темен зеленчук и светло овошје
  • Избегнувајте преработена храна
  • Намалете го консумирањето на храна со „прости“ јаглехидрати

Покрај тоа избегнувајте да јадете навечер, порциите направете ги помали, а доколку вечерате на забава или во ресторан, изедете само половина порција.

Можете многу лесно да се справите со вишокот килограми во текот на менопаузата. Нема потреба од разни средства за слабеење. Доволно е само малку да го промените начинот на живот и ќе ги почувствувате придобивките.

Симптомите од менопаузата можат да бидат навистина проблематични, па погледнете како можете да ги ублажите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар