Киндер бајадера

1 април, 2012 0 коментари од

Вкусен десерт, погоден за секој ден…Киндер бајадераПотребни состојки за црниот крем:

  • 150 г шеќер
  • 100 мл вода
  • 50 г чоколадо за готвење
  • 125 г маргарин
  • 150 г мелени бисквити
  • 150 г мелени ореви

Потребни состојки за белиот крем:

  • 125 г маргарин
  • 200 г млеко во прав
  • 200 г шеќер
  • 50 мл вода

Начин на подготовка: За подготовка на црниот крем, најпрво ставете ја водата на оган и во неа додадете ги шеќерот, чоколадото и маргаринот. Откако ќе добиете хомогена смеса, во садот додадете ги мелените бисквити и оревите. Земете една тава, обложете ја со проѕирна фолија и сипете ја смесата, распоредувајќи ја рамномерно.

За подготовка на белиот крем, на оган ставете ги водата и шеќерот и постојано мешајте, дур не добиете густ шербет. Во друг сад со миксер убаво помешајте ги маргаринот и млекото во прав и пополека почнете да го додавате шербетот, притоа мешајќи со миксерот. Белиот крем веднаш додадете го врз црниот, рамномерно распределен.

За декорација, можете да стопите уште 20 грама чоколадо и да ги истурите врз белиот дел од бајадерата. Откако бајадерата убаво ќе се олади, исечете ја на коцки и уживајте во нејзиниот вкус.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Liked this article? Read another similar article.

Поврзани содржини:

Живот, Храна и пијалаци

Тагови: , , , , , , ,

За авторот

Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.
0 коментари за “Киндер бајадера”

Остави коментар

Можеби ќе ве интересира:
Астрологијата и вашето омилено милениче
Астрологијата и вашето омилено милениче

Зашеќерени бадеми со цимет
Зашеќерени бадеми со цимет

Дали треба да пиеме помалку кафе?
Дали треба да пиеме помалку кафе?

Close