Како да престанете да јадете брза и нездрава храна?

Дали се трудите да јадете здраво? Повеќето луѓе ја губат битката кога станува збор за избегнување чоколади, сладолед, чипсови, газирани пијалаци и други видови брза храна. Сепак, сите откако ќе му се препуштат на задоволството, отпосле се чувствуваат виновно, па наредните денови јадат здраво, сè до наредното искушение. И така во круг.

Коренот на проблемот најчесто се наоѓа во емоционалната состојба во која се наоѓаме. Кога сме среќни, бараме причина да прославиме со нешто висококалорично, кога сме тажни јадеме од мака. Доколку сакате да ја преминете оваа пречка и да воспоставите контрола врз вашите навики, потребно е да поставите граница помеѓу чувствата и храната. Откако ќе го сторите ова, здравата исхрана повеќе нема да ви биде проблем. Ова се неколку чекори кои можат да ви помогнат да ја воспоставите контролата врз овој проблем.Како да престанете да јадете брза и нездрава храна?

Важно е да си поставите цел

Просечните луѓе јадат брза храна, имаат прекумерна тежина и кај нив постои ризик за заболување од дијабетес или некоја срцева болест. Но дали тоа е нормално? Секако дека не. Нормално е да јадете здрава храна, да бидете витки и здрави. Просечното е релевантен поим, но нормалното не е. Затоа решете во која категорија сакате да се вброите.
.

Исхраната нека ви претставува мини пресврт во животот

Кога внесувате храна во организмот или станувате посилен и поздрав или млитав и без енергија. Почнете редовно да јадете зеленчук и варено/печено место и веднаш ќе се осетите поздраво и поудобно во сопствената кожа. Тоа треба да ви претставува навика исто како што одлучувате дали ќе гледате трач-емисија на телевизија или ќе читате некоја поучна книга. Откако ќе почнете да ја доживувате храната како нешто кое носи промени во вашиот начин на живеење, навиките почнуваат да имаат ново значење. Со тоа ќе успеете да им докажете и на другите дека сте силен и решителен карактер.Како да престанете да јадете брза и нездрава храна?

Застанете цврсто зад ставот дека поважно ви е здравјето отколку задоволството

Доколку навистина сакате да се промените, тогаш морате да се спротивставите на искушението. Што ви е поважно, здравјето или моменталното задоволство од брзата храна? Дадете одговор на следниве прашања:

  • Дали сакате да имате квалитетен живот, особено во подоцнежните години од животот?
  • Дали сакате да имате повеќе енергија?
  • Дали сакате да сте повитки?
  • Дали сакате поретко да се разболувате?
  • Дали сакате да ги избегнете сериозните заболувања?

Со сигурност на сите прашања ќе одговорите потврдно. Сите се водиме во животот според моменталните желби, но понекогаш треба да си поставиме правила и цврсто да застанеме зад нив.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар