Маршмелоу

Овие мали меки колачиња се толку слатки и вкусни што ќе ве освојат од прва. Американците ги јадат како тост со бисквити и топено чоколадо, а најдобри се во комбинација со топло чоколадо.МачмалоуПотребно:

  • 2 1/2 лажички желатин
  • 1 1/2 шолји шеќер
  • 1 шолја сируп од пченка
  • 1/4 лажичка сол
  • 2 лажички екстракт од ванила
  • шеќер во прав

Подготовка: Во сад за матење ставете пола чаша вода и желатинот. Со миксер мешајте додека не се соединат водата и желатинот. Оставете да отстои 30 минути. Во тенџере ставете ги шеќерот, сирупот, солта и 1 1/2 чаша вода. Тенџерето ставете го на слаб оган и мешајте со дрвена лажица додека не се стопи шеќерот. Навлажнете ја лажицата со вода и соберете ги кристалите од шеќер кои ќе се направат од страните на тенџерето. Ставете кујнски термометар во тенеџерето и кога сирупот ќе достигне температура од 117 степени Целзиусови, тргнете го тенџерето од оган. Додека го правите ова, никако не мешајте. Сирупот полека сипувајте го во смесата со желатин, при тоа мешајќи со миксер на најмала брзина. Мешајте со миксер додека не добиете мазна смеса. Додајте ја ванилата и измешајте со лажица. Во тавче за печење ставете подебел слој шеќер во прав. Овде ставете ја смесата и одозгора пак ставете шеќер во прав. Оставете да се исуши целата смеса. Со тркалезни калапи направете парчиња во форма на маршмелоу.Мачмалоу


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

  1. Sani Reply

    Каде се продава сируп од пченка баш би сакала да направам мачмелоу?

    • Теодора Трповска Reply

      Sani, за жал кај нас нема сируп од пченка. Ама и покрај тоа може да се направат и најдат супститути за да се направи Маршмелоу. Во овој случај, одлична замена за сируп од пченка е 1 шолја шеќер со 1/4 шолја вода. Во тенџерче стави ги шеќерот и водата и на тивок оган почекај прокрчкаат и да се создаде сируп. Остави го сирупот еден час да се олади и потоа, можеш да го искористиш во рецептов.

  2. Сани Reply

    Благодарам Теодора

  3. Bisera Reply

    Oдлична замена за сируп од пченка е мед.
    Ги правев за бадниковиот оган и супер испаднаа. А правилното име е Marshmallows.

  4. Mio Reply

    2 1/2 лажички желатин ?
    не е ова исто со една лажичка желатин ? зашто е двојката пред

    • Кафе пауза Reply

      Тоа значи две цели лажички плус една половина лажичка.

  5. Mio Reply

    thanx :)

Остави коментар